English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Галерија

Вмрежување за успех

Сојуз - Национален совет за родова рамноправност, како носител и организацијата „Отворена врата“ од Косово, започнаа со имплементација на Cross-border проект – „Вмрежување за успех“. Периодот за имплементација на проектот е 20 месеци, почнувајќи од јануари 2018 год.

Целта на овој проект е:

Потикнување на родова рамнотежа и ниво на младинско општество преку вклучување на жените и младите во претставување на културни, традиционални и национални вредности на Косово и Македонија.

Специфични цели на проектот:

1. Олеснување на трговската соработка преку промоција на традиционални, културни и национални ракотворби.

2. Генерирање на можности за самовработување преку зачувување  и промоција на традиционални ракотворби

Преку имплементација на активности кои што ќе промовираат родова еднаквост, истовремено ќе се промовира културното и природното наследство преку комерцијализација на традиционални ракотворби (везење, ткаење), занаетчиство, рурален туризам и традиционално кулинарство.

Активностите на проектот ќе се спроведуваат во две  општини: Куманово и Гњилане.

 

Конференција „Заштита и поддршка на жени жртви на родово базирано насилство“ 2016

 

“Вклучување на родовите аспекти во главните политики на руралниот и земјоделскиот развој”

Од 21 декември 2017 год Националниот совет за родова рамноправност како носител, во партнерство со Здружението за рурален и регионален развој и Здружението рурална коалиција, отпочна со имплементација на проктот “Вклучување на родовите аспекти во главните политики на руралниот и земјоделскиот развој”.

Активностите ќе се спроведуваат во пет општини и околните села на Куманово, Гостивар, Струмица, Прилеп и Струга.

Целта на проектот е: Зголемен процент на користење на ИПАРД фондовите во адаптирањето на земјоделството во Македонија со стандардите на Европската унија.

Специфични цели на проектот се:

1. Да се ​​поддржи и да се подобри ефикасноста на Платежната агенција во делот на испораката на советодавни и образовни услуги преку подобрување на квалитетот на информациите и обуките доставени до граѓаните со фокус на жените и младите.

2. Да се ​​поттикне вклучувањето на родовите аспекти во земјоделските политики и руралниот развој во земјата.

Проектот е финансиран од ЕУ преку ЦФЦД при Министерство за финасии на РМ.

 

Мировен форум

 

Донатори








Членка на: