English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2000-2003

Разоружувањето - Перспектива за безбедно живеење

Цел: Мотивирање на граѓаните за поголем одзив на акцијата за разоружување.

Спроведени активности: спроведена кампања по принципот „Од врата до врата” во 20 скопски села; изготвени и дистрибуирани 500 брошури со акцент на ризикот и последиците од поседувањето оружје како извор на можни конфликти и пресметки.

Резултати: придонес во менувањето на ставовите и свеста кај граѓаните во однос на разоружувањето, за зачувување на стабилноста и мирот.

Донатор: Фондација институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

 

Жените го можат тоа

Цел: Поттикнување на женскиот активизам и на желбите за промени.

Резултати: 350 жени стекнаа знаења и вештини за политички ангажман; Зголемен број жени активни во политичките партии; Поголем интерес на младите жени за политичко активирање; Иницирани неформални женски групи преку локалните акции кои поттикнаа решавање одредени локални проблеми поврзани со жените; Зголемена мотивацијата на граѓаните кон личната одговорност за локалните проблеми.

Донатор: Норвешка народна помош – НПА

 

Жените и медиумите

Цел: Сензибилизирање на медиумите за потребата од зголемено и рамноправно учество на жените во креирањето на медиумската политика и поддршка на медиумите во реализација на родовата рамноправност како приоритет.

Целна група: Новинари од 17 медиуми (6 од печатените и 11 од електронските медиуми - 5 телевизиски куќи и 6 радиостаници).

Резултати: 26 новинари беа родово сензибилизирани; Отворени беа поголеми можности за вградување на родовата димензија во новинарската професија.

Донатор: Влада на Кралството Норвешка.

 

Жени гласачи

Целта на овој проект, спроведен пред Парламентарните избори 2002, беше да се зголеми бројот на жените во Парламентот и да се мотивираат гласачите да го дадат својот глас по сопствен избор и да излезат на гласање.

Беа обучени 30 теренски активистки, кои одржаа работилници со вкупно 60.000 гласачи во 120 општини низ државата. Беше изготвен и дистрибуиран водич за гласање на 5 јазици: македонски, албански, турски, ромски, српски и влашки. Беа одржани регионални средби во 7 регионални центри (Скопје, Битола, Кочани, Пробиштип, Куманово, Кавадарци, Тетово) со цел да се воспостави соработка со жените кандидатки на изборите, локалната администрација, медиумите, активистките на НВО.

Резултат на овој проект е зголемен одзив на гласачите. На некои места, каде набљудувачи беа GTF и СОЖМ, излезени на гласање беа 85% жени.

Донатор: Амбасада на Република Австрија – Скопје

 

Жени гласачи - гласај и набљудувај

Непосредно пред Парламентарните избори 2002, СОЖМ го спроведе проектот чија цел беше да се зголеми степенот на транспарентност и почитување на регуларноста на изборниот процес.

Беа обучени 24 набљудувачки (од страна на две експертки од Албанија), беше испечатен прирачник за набљудувачи и беше извршен мониторинг на изборите во регионалните изборни комисии и во избирачките места. Беше оформен неформален штаб, каде се вршеше анализа на извештаите и оценка на изборите.

Резултат од овој проект беше зголемен број на гласачи, почитување на изборната законска регулатива, придонес кон малиот број неправилности и кон фер и демократски избори.

Донатор: ФИООМ

 

Донатори








Членка на: