English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2000-2003

Политичка перспектива на жените - женско лидерство во Македонија

Цел: Поттикнување на жените помасовно да учествуваат во политичките иницијативи и во структурите на одлучувањето, како и да се зголеми бројот на жените инволвирани во политичките партии.

Со цел да ги поттикне и да ги оквалификува жените помасовно да учествуваат во политичките иницијативи и во структурите на одлучувањето, како и да се зголеми бројот на жените инволвирани во политичките партии, СОЖМ, во партнерство со Одделението за еднаквост меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика го спроведе проектот „Политичка перспектива на жените - женско лидерство во Р. Македонија”.

Беше обучен тим од 25 едукаторки, од кои 12 поминаа специјална обука. Се започна со одржување работилници во повеќе градови во Македонија. Според програмата, се одржаа вкупно 60 работилници во Скопје, Тетово, Кичево, Дебар, Македонска Каменица, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Росоман, Крушево, Кривогаштани, Кавадарци, Неготоно, Валандово, Струмица, Ново Село, Богданци, Гевгелија, Радовиш, Штип, Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Ранковци, Свети Николе, Велес и Куманово.

Според очекувањата, резултатите од овој проект се 1.500 едуцирани жени за вклучување во политичките партии и зголемен број на зачленети жени во политичките партии.

Донатор: Амбасада на Кралството Норвешка – Скопје

 

Информации за враќање на внатрешно раселените лица

Цел: Идентификација на проблемите на внатрешно раселените лица сместени во колективните центри.

Во екот на македонската криза, СОЖМ се вклучи во проектот чија цел беше да се идентификуваат проблемите на внатрешно раселените лица, сместени во колективните центри. Целна група беа раселените лица од тетовскиот регион (Теарце, Непроштено, Лешок и други), сместени во колективните центри „Олимписко село” и „Пелагонија” во Скопје. Беа организирани фокус-групи со раселените лица, со кои се одржуваа секојдневни средби чија цел беше да се идентификуваат потребите на раселените лица, проблемите кои ги имаат во колективните центри, како и да се идентификуваат стравувањата од нивното враќање и приоритетните потреби за враќањето во нивните домови. Исто така, беа пренесувани информации во врска со состојбите на теренот и беа изготвени и поделени прашалници со податоци за внатрешно раселените лица и за нивните потреби.

На 27 декември 2001 година, Андреас Клајн од Фондацијата Конрад Аденауер и Савка Тодоровска од СОЖМ, во име на своите организации, им доделија новогодишни подароци на раселените лица од Непроштено и од Теарце, сместени во хотелот “Пелагонија” во Скопје. Подароците беа купени од средствата собрани од продажбата на ракотворби на Божиќниот пазар, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер и од СОЖМ.

Донатор:  Амбасада на САД - Скопје и АРЦ, во координација на МЦМС.

 

Женски центар - Женски родови студии

Цел: Подигнување на родовата свест кај јавноста заради овозможување поинаков пристап во изучувањето и анализата на женските и родовите прашања, запознавање на јавноста со новите женски сознанија и искуства, иницирање самодоверба и самопромена кај студентите и влијаење врз социјалната стварност.

Во временскиот период октомври 2002 - октомври 2003 во рамките на двосеместралната алтернативна програма на Женските родови студии дипломираа 52 студенти во 5 научни области: Вовед во феминизам; Жената и политиката; Род и религија (Христијанство, Ислам, Будизам, Хиндуизам и Таоизам); Психологија на родот и психологија на трансформирање на конфликтите; Женски права како човекови права и анализа на законот за работни односи од родов аспект; Ораторски работилници, женско писмо и родово читање на текстот.

Резултати: Вкупен број завршени студенти: 252; Вкупен број одржани предавања: 694; Семинарски трудови: 160; Практични вежби во ораторските работилници: 154; Дебатни клубови: 50; Трибини: 15.

Донатор: Меѓународен центар Олоф Палме

 

Вмрежување за успех

Во период ноември 2000 – јуни 2002, СОЖМ учествуваше како партнерска организација во регионалниот проект „Вмрежување за успех”, чиј донатор беше ЕИДХР. Носител на проектот беше Фондацијата за развој на претприемништвото, а други партнери беа Општеството за демократска култура (Албанија) и Фондацијата „Вредности” (Бугарија).

Овој проект имаше за цел промовирање на толеранцијата и зајакнување на процесот на одлучување, градење мрежа на Балканскиот регион и развивање погранична соработка, како и мотивација и зголемување на учеството на жените во процесот на одлучување и заземање активна позиција во процесот на локално владеење.

Целна група беа жени претприемачки, самовработени, претставнички од локалната власт, новинарки, активистки на НВО. Беа одржани по две тренинг - обуки во секоја држава за учење лидерски вештини, раководење со проектен циклус и менаџмент и разрешување конфликти.

Донатор: ЕУ – ЕИДХР

 

Донатори








Членка на: