English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2000-2003

Политичко јакнење на жените во Македонија - Жените можат

Проектот Жените можат, дел од циклусот Политичко јакнење на жените во Македонија, е реализиран со поддршка на GTF и Одделението за еднаквост меѓу половите на Министерството за труд и социјална политика.

Целта на овој проект беше зајакнување на жените од 10 политички партии од Парламентот. Со спроведените активности, обучени беа 250 жени од политичките партии.

Донатор:  Gender Task Force – Пакт за стабилност, Министерство за труд и социјална политика.

 

Јакнење на капацитетите на женските НВО

Во програмата за јакнење на капацитетите на женските организации на МЦМС се вклучени 8 женски невладини организации, кои работат на промовирање на концептот на родовата еднаквост во заедниците, невладините организации и владините иницијативи.

Во активностите спаѓаа обуки за родови односи и развој, месечни состаноци и тематски средби со локални експерти, издавање на двомесечниот билтен „Перспективи”, обновување и дополнување на постојните веб-страници и создавање електронска база на податоци, како и развивање работни програми поврзани со родовата еднаквост.

Донатор:  МЦМС

 

Женска иницијатива за мир и соживот

Градењето доверба помеѓу различните етнички групи во Република Македонија, преку промоција на женската иницијатива за разрешување на конфликти и заеднички мирен соживот, развој на мултиетничка толеранција и политичка култура, запознавање со женските права како човекови права – се целите на овој проект, кој се реализираше во две фази. Првата фаза опфати обука на 20 теренски едукаторки од различно етничко потекло, а втората реализирање на 80 работилници во 7 градови во Македонија. На работилниците учествуваа 200 жени, а се расправаше на теми, како: обичаите на различните националности, различностите во кујната и начинот на исхраната, мешаните бракови, улогата на жената во религијата и друго.

Резултат е придонес кон меѓусебната доверба и разрешување на многу дилеми за меѓуетничкиот соживот, надминување на предрасудите и стереотипите и зајакнување на самодовербата и способноста на жените самите да одлучуваат.

Донатор: УНХЦР

 

Глобален женски штрајк

Цел: Одговорноста како темел на вистинската демократија.

На меѓународниот ден на жената, на плоштадот „Македонија” во Скопје беше организиран „Глобалниот женски штрајк”, манифестација под мотото „Одговорноста е темел на вистинската демократија”. На манифестацијата учествуваа околу 1.000 жени.

На оваа манифестација, се одржаа 4 работилници на теми: „Жените и насилството”, „Жените и сиромаштијата”, „Жените во процесот на одлучување” и „Жените и мирот”. Препораките од овие работилници беа јавно прочитани на Плоштадот, на јазиците на сите националности кои живеат во Македонија и беа препратени до надлежните институции и министерства.

Донатор: IOM и Црвениот крст на Македонија.

 

Документациски центар

Цел: промовирање и афирмирање на женската идеја и феминизмот, како и обезбедување на  база на податоци како основа за формирање на програмските и на стратешките цели на организацијата.

Спроведени активности: прибирање документи и податоци за женското невладино работење (историски и тековни); селектирање и класификација на материјалите по области заради полесно пребарување и користење; збогатување на библиотеката со нова литература за женските прашања, феминистичка литература и книги од женски автори; соработка и размена на информации со домашни и меѓународни организации и институции; давање услуги со информации, материјали и податоци на сите заинтересирани корисници.

Резултати: покренување нови иницијативи и развојни програми кои ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на женските невладини организации; поттикнување на истражувања поврзани со женските проблеми и потреби; поголем број корисници, односно зголемен интерес за едуцирање и користење на достапниот фонд (материјали, податоци и литература, поврзани со женската проблематика).

Донатор: Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС.

 

Донатори








Членка на: