English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2004-2007

Жените го можат тоа II - Парламентарни избори 2006

Цел: Зголемување на учеството на жените во структурите на одлучување на национално ниво во Република Македонија.

Партнер на СОЖМ во овој проект беше Одделението за унапредување на родовата рамноправност при Министерството за труд и социјална политика. Генералните и специфичните цели од овој проект се спроведуваа низ следните активности: одржување на национална конференција за еднакви можности; потпишување согласност за соработка со 12 парламентарни партии; иницијатива за дополнување на законската регулатива со одредбата за позиционирање на изборните листи (секое трето место за припадник на помалку застапениот пол); 12 семинари со членките на политичките партии; медиумско презентирање на проектните активности.

Донатор: Набљудувачка мисија на ОБСЕ – Скопје.

 

Жените го можат тоа во Медиумите

Цел: Приказ на позитивната слика за жените во медиумите во пресрет на Локалните избори 2005.

Сојузот на Организациите на жените на Македонија (СОЖМ), во рамките на Програмата за политичко јакнење на жената, ги реализираше проектните активности за родово сензибилизирање на уредниците и новинарите во печатените и електронските медиуми за приказ на жените во позитивна слика во пресрет на Локалните избори 2005.

Донатор: Норвешка Народна Помош - НПА.

 

Поддршка на женските права во Западен Балкан

Цел: Евалауција на имплементирањето на постојните норми поврзани со домашното насилство.

Евалауција во имплементирањето на постојните норми на CEDAW Конвенцијата, Советот на Европа и ЕУ поврзано си домашното насилство во земјите учеснички (Албанија, Макеоднија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Храватска), и давање препораки и развивање стратегии за подобрување на нивото на имплементацијата на овие норми, со цел поефективно справување со домашното насилство.

Донатор: Хуманитарен комитет за човекови права.

 

Промовирање на родовиот концепт на локално ниво

Цел: Воспоставување на институционални механизми на локално ниво.

Имплементирањето на проeктот претставуваше континуитет во работата на СОЖМ и Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите, при Министерството за Труд и Социјална Политика, започната во 2000 година, кога се иницираше формирање на Комисии за родова еднаквост во Советите на 10 локални самоуправи. Во рамките на овој проeкт, формираните Комисии за родова еднаквост добија ресурси и обуки што им овозможи да ги зголемат и зајакнат сопствените капацитети за активно делување во заедницата.

Донатор: ОБСЕ.

 

Документациски центар

Цел: Придонес, промовирање и развој на родовата култура на женското движење во Македонија.

Активности: собирање документи и податоци за женското работење (историско и тековно); селектирани и класифицирани материјали по теми за полесно пребарување и користење; збогатување на библиотеката со нова литература за женските прашања, феминистичка литература и книги напишани од женски автори; соработка и размена на информации помеѓу домашните и меѓународните организации и институции; обезбедување на информациони услуги, материјали и податоци за секој заинтересиран корисник.

Донатор: Влада на Република Македонија.

 

Донатори








Членка на: