English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2004-2007

Младите и политиката

Цел: Политичко јакнење на младите.

Активности: спроведување на семинари за младинските секции од десните политички партии; подготовка на младите за локалните избори.

Донатор: Konrad Adenauer Stiftung - канцеларија во Скопје.

 

Сексуално вознемирување

Цел: Проценка на мнението за сексуалното вознемирување во Македонија.

Активности: спроведување на истражување за ситуацијата и присутноста на сексуалното вознемирување во Македонија; анализа на податоците во врска со оваа ситуација; публикување на истражувањето.

Донатор: International Council of Women – ICW

 

Центар за политичка едукација

Цели: Политичко јакнење на жените.

Активности: дисеминација на информации за политичките системи; едукативни работилници за вклученост во политиката; анализа на политичкиот систем во Македонија и вклученоста на жените во него.

Донатор: Olof Palme International Center.

 

Едукација на млади девојки Ромки

Цел: Подигање на свеста помеѓу младите девојки Ромки за семејните права и раното стапување во брак.

Активности: спроведување на едукативни работилници за семејните права, социјалната вклученост и сексуално преносливите болести; елементарна писменост на младите девојки.

Донатор: Светска банка - канцеларија во Скопје.

 

Жените тоа го можат II - Локални избори

Цел: Повеќе избрани жени на локалните избори.

Активности: јакнење на жените од политичките партии за политичкиот систем и структурата на политичката партија со воведување на родовиот концепт; одржување на семинари со женските секции од секоја политичка партија; подготовка на жените за локалните избори; публикување на извештај за вклученоста на жените на престојните локални избори и резултати од изборите.

Донатор: ОБСЕ кацеларија во Скопје.

 

Донатори








Членка на: