English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2008-2012

Жените тоа го можат во локалните заедници

Цел: Поддршка и јакнење на жените за преземање на активна улога во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Во 15 општини во Република Македонија, преку обуки, 250 жени и девојки се мотивираа и поттикнуваа за активно учество во локалната заедница, во политичките партии како и нивна зголемена видливост во медиумите.

Донатор: Норвешка народна помош

 

Програма за родово базирано насилство за општинските раководства и приватниот сектор

Цел: Вклучување на локалните самоуправи и приватниот сектор во процесот на економско зајакнување на жените жртви на семејно на локално ниво.

Активности: семинари за општинските раководства и приватниот сектор со цел сензибилизирање за проблемот на семејно насилство и информирање за владината Програма за економско зајакнување на жени жртви на семејно насилство, со акцент на мерката субвенционирано вработување.

Донатор: UNDP

 

Имам право да бидам заштитен/а

Цел: Подобрување на пристапот до правда за жртвите на семејно насилство и подобрување на заштитата на жртвите на семејно насилство.

Активности: Бесплатна правна помош за жртвите на семејно насилство во општина Велес (сервисот ги покрива општините: Велес, Чашка и Градско), општина Кавадарци (сервисот ги покрива општините: Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија) и општина Кривогаштани (сервисот ги покрива општините: Кривогаштани, Долнени, Крушево и Прилеп); три тематски форуми во целните општини: Велес, Кавадарци и Кривогаштани, насловени “Подобрување на заштитните механизми и упатувањата за жртвите на семејно насилство на локално ниво“.

Донатор: UNWOMEN

 

Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство II

Цел: Подобрување на одговорот кон проблемот на семејно насилство на локално ниво.

Активности: воспоставување на локално координативно тело во Општина Кривогаштани, одобрување на капацитетите на веќе воспоставените координативни тела во општина Центар и Долнени и зголемување на јавната свест за проблемот на семејно насилство во целните општини.

Донатор: УНФРА

 

Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство

Цел: Подобрување на ефикасноста на механизмите насочени кон случаите на семејно насилство и воспоставување на модел на соработка меѓу релевантните локални актери.

Проектот „Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство“ се реализираше во периодо октомври 2009 – декември 2009, од страна на Националниот Совет на Жени на Македонија – СОЖМ, во партнерство со Македонското женско лоби.

Проектот се спроведуваше во согласност и во соработка со Општина Центар и Општина Долнени, како две пилот општини вклучени во проектните активности.

Генералната цел беше насочена кон подобрување на ефикасноста на механизмите кон случаите на семејно насилство и воспоставување на модел на соработка помеѓу локалните релевантни субјекти, што ќе резултира со интегративен и систематски одговор кон семејното насилство во заедниците.

Донатор: УНФПА

 

Донатори








Членка на: