English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2008-2012

Македонија без семејно гласање

Цел: Едукација на претставнички од невладините организации, од мрежата на Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ, за понатамошно делување во насока на минимизирање на појавата на семејното гласање и гласање за друг.

Националниот совет на жените на Република Македонија – СОЖМ, во делот на програмата за политичко јакнење на жените спроведе активности во насока на елиминирање на семејното гласање и гласање за друг, со цел поддршка на активната позиција на жената во процесот на гласање како и поддршка на НВО во едуцирањето на гласачите во врска со почитувањето на изборните права на женитe.

НСЖМ-СОЖМ организираше семинар ,,Македонија без семејно гласање, анализа на парламентарните избори 2008 и претседателски и локални избори 2009 - предизвици и решенија”. Семинарот се одржа од 10 до 12 септември 2009 год. во хотел Скопје во Скопје.

Семинарот се имплементираше заедно со организацијата „KILIM KULTUR“ од Полска, а со поддршка на Министерството за надворешни работи на Полска.

 

Има 1325 причини за имплементација на Резолуцијата 1325

Цел: Информирање на пошироката јавност за Резолуцијата 1325, размена на идеи за понатамошно делување и воспоставување на механизми за координација меѓу учесниците на обуките во насока на имплементација на Резолуцијата 1325.

Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ во периодот од април до јули 2009 година спроведе активности во рамките на Програмата за заштита на мирот и разрешување на конфликти.

Беа организирани тркалезни маси на тема „Резолуцијата 1325 и улогата на жените во превенција на мирот и разрешување на конфликтите“. Се организираа 12 тркалезни маси во 11 градови во Република Mакедонија. (Велес, Тетово, Битола, Кочани, Штип, Кавадарци, Охрид, Струмица, Прилеп, Струга, а во главниот град Скопје беа спроведени 2 работилници).

На тркалезните маси говореа проф. д – р Билјана Ванковска, редовна професорка на филозофскиот факултет во Скопје и на Институтот за одбрана и г – ѓа Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет на жени на Република Македонија - СОЖМ.

Донатор: International Fellowship of Reconciliation.

 

Од идеја до успех

Цел: Придонес кон самовработување на жените.

Прирачникот „Од идеја до успех“ се промовираше на Саемот на невладини организации 2008 во Скопје. Потоа тој се дистрибуираше до жените од цела Македонија и на средбите со нив се разговараше за клучните теми од прирачникот.

Донатор: Комерцијална банка АД Скопје.

 

Едукација на жени гласачи

Цел: Придонес кон почитување на избирачкото право на жените и гласање по сопствен избор.

Активности: во 42 рурални општини беа одржани 42 едукативни работилници со жените гласачи; информирани 8460 жени гласачи за обврските и правата за гласање, процесот на гласање и семејното гласање.

Донатор: УНДП

 

Унапредување на етничката хармонија помеѓу учениците во основните училишта во мултиетничките општини

Цел: Интегрирање на девојчињата и момчињата од основните училишта во мултиетничките рурални општини преку едукативни активности.

Активности: поправки од мал обем на основните училишта во 7 општини: Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Карбинци, Ростуше, Долнени, Чучер сандево; 700 едуцирани ученици за родовиот концепт, комуникациски вештини, демократија и детски права и култура на заедничко живеење.

Донатор: Јапонската Амбасада во Виена.

 

Донатори








Членка на: