Новогодишна трпеза и делење на новогодишни подароци
Традиционално секоја година Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ организира Новогодишна трпеза и делење на новогодишни подароци на децата од домот без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.
На 29 Декември 2009 година (вторник) во 12:30 часот претставнички од НСЖМ-СОЖМ заедно со своите членки, сопственичката на модното студио Елена Лука и естрадната ѕвезда Есма Реџепова го посетија домот 11 Октомври и ја споделија радоста заедно со децата .