Презентација на активности од проектот „Координирани напори - кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“
На 11. март, понеделник, во просториите на ЕУ Инфо центар беше промовиран проектот „Координирани напори - кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“.
Проектот е финансиран од ЕУ.
Националниот совет за родова рамноправност е еден од партнерите, а носител на проектот е Автономни женски центар - Србија.
Проектот ќе трае 24 месеци, на локации: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Австрија.
Општа цел на проектот е воспоставување на сеопфатни правни и политички решенија за заштита од родово базирано насилство во Западен Балкан, како услов за демократија, човекови права, социјална инклузија и хармонизација со ЕУ вредностите.
Специфична цел на проектот: зголемување на капацитетите на женските организации и мрежи во 4 земји од Западен Балкан за анализи, мониторинг и застапување во полето на заштита на жените од родово базираното насилство, преку долгорочна регионална соработка и учење од европските искуства.
Повеќе слики може да погледнете овде.