English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Отворен повик - ангажирање на компанија за спроведување на медиумска кампања

Отворен повик

Ангажирање на компанија за спроведување на кампања

Сојуз Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Визија, мисија и стратегија на НСРР” кофинансиран од Европската Унија, има потреба од ангажирање на компанија која ќе изработи и спроведе:

  1. Медиумска кампања – „16 дена активизам за борба против насилството врз жената“ во период од 25 ноември до 10 декември 2022 година.


ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Кампањата има за цел да ја подигне општествената свест за спречување на семејното  насилство врз жената и децата. Една од главните стратешки цели на НСРР е превенција на родовите стереотипи и сексизам, насилство врз жените и семејното насилство, во рамки на која континуирано се работи на намалување на насилството врз жените и семејното насилство како и реинтеграција на жртвите.


ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА

  1. Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од НСРР;
  2. Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот;
  3. Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот;
  4. Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 16 дена, во период од 25 ноември до 10 декември 20222. Вкупно времетраење на целиот ангажман е два месеци;
  5. Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.


ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Компанијата ќе има период на реализација на активноста од  еден месец од датумот на одобрување на презентираниот дигитален маргетинг план и визуелен индентитет за кампањата. Вредноста на договорот не може да надмине 3000 евра во денарска противредност. Бидејќи станува збор за проект кофинансиран од Европската Унија, кампањата мора да биде ослободена од ДДВ.

КРИТЕРИМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компаниите што ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Компанијата треба да е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија и активно да работи во последните две години.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирање сите заинтересирани компании треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата;
  2. Портфолио на сработени кампањи за дигитални медиуми;
  3. Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа со социјални медиум, кое ќе биде ангажирано во активноста;
  4. Предлог концепт за медиумска кампања со предложени форми на комуникација;
  5. Тековна состојба, не постара од 6 месеци;
  6. Финансиска понуда.

Целосната документација треба да биде доставена во електронска форма на македонски јазик на е пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со предмет: Понуда за МЕДИУМСКА КАМПАЊА. Понудите треба да се достават најдоцна до 20.10.2022 година.

Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.

 

Донатори








Членка на: