English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИСТРАЖУВАЧКА

1. Контекст на задачата

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовираа правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите.

За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ НСРР ќе се стреми кон:

  • Зајакнување на ефективноста, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста и одржливоста на мрежата и нејзините регионални центри;
  • Намалување на родово-базирано насилство, насилство врз жената и семејно насилство и реинтеграција на жртвите од родово-базирано насилство, насилство врз жената и домашно насилство;
  • Еднакво учество на жените во политичкиот и јавниот живот и во сите сфери на општеството;
  • Вклученост и активно учество на жените во процесите на прилагодување кон климатските промени.

Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка.

2. Опис на работни задачи и испорачани услуги

Под супервизија на тимот на извршната канцеларија на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност истражувачката ќе треба да подготви тематски извештај поврзан со состојбата на насилството врз жените во Република Северна Македонија, со посебен фокус на фемицидот. Извештајот треба да вклучува анализа на состојбата поврзана со појавата на фемицид во последните пет години. Податоците од истражувањето ќе бидат употребени како аргументи за застапување пред релевантни институции, како и база за идни иницијативи за промени кои треба да се случат во општеството.

3. Времетраење и период на спроведување на активностите

За овој ангажман се предвидени вкупно 15 работни денови. Краен рок за реализација на истражувањето е 01.12.2022. Извештајот не треба да биде подолг од 25 страни.

4. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи кандидатката

Кандидатката се очекува да ги исполнува следните критериуми:

Општо професионално искуство

  • Високо образование и релевантно знаење и искуство во спроведување на истражувања/анализи.
  • Постдпломски и докторски студии ќе се сметаат за предност.
  • Минимум 3 години работнo искуство, посебно кога станува збор за спроведување истражувања/анализи.

Специфично професионално искуство и вештини

  • Испорачани најмалку 3 истражувања во областа на општествените науки;
  • Искуство во работа со женски граѓански организации;
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Способност за работење со кратки рокови и навремено испорачување на услуги.

5. Пријавување и избор

Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на  следниве документи:

  • Писмо за изразување интерес;
  • Професионално CV;
  • Методологија (план за задачата);
  • Листа од три лица и нивни контакти за препорака од слични работни ангажмани;
  • Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход.


Пријавите треба да се достават најдоцна до 26.09.2022 на е пошта:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за ИСТРАЖУВАЧКА.

Критериуми за избор се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Доколку има потреба кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.

 

Донатори








Членка на: