English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Отворен повик за двајца истражувачи

Проект: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост


Предмет: Отворен повик за двајца истражувачи за креирање на анкети за вклученоста на децата во училиште од родова перспектива во о. Шуто Оризари


Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), финансиран и поддржан од  Центарот  за истражување  и креирање политики во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, објавува


Јавен повик

За двајца истражувачи кои ќе креираат и анализираат 200 анкети насочени кон учениците, родителите и наставниците во основните училишта во општина Шуто Оризари. Преку овие анкети ќе се обезбедат потребните информации за бројот на ученици кои редовно посетуваат настава и соодносот меѓу учениците од машки и женски пол кои редовно посетуваат настава.


Задачи на истражувачите се:

●      Да се креираат три типа на анкети насочени кон: ученици, наставници и родители од основно образование на територија на о. Шуто Оризари

●      Да се анализираат одговорите од 200 анкетирани лица

●      Да се креира анализа од добиените резултати

●      Анкетите треба да дадат одговор за бројот на деца кои посетуваат настава и бројот на деца кои не посетуваат настава од родова перспектива; Одговор од родителите зошто нивните деца (не)посетуваат настава и со кои проблеми се справуваат, со акцент на отсуствата на девојчињата; Што им недостасува на учениците во однос на училишна инфраструктура и безбедност со акцент на недостатоците во однос на менаџирањето на менструална хигиена, лична хигиена.


Времетраење и период на спроведување на активностите

За овој ангажман се предвидени вкупно 5 работни денови. Активностите треба да се реализираат во текот на септември 2022.


Пријавување и избор

Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на  следниве документи:

●      Писмо за изразување интерес;

●      Професионално CV;

●      Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход.

●      Пријавите треба да се достават најдоцна до 25.7.2022 на е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за ИСТРАЖУВАЧ ЗА КРЕИРАЊЕ НА АНКЕТИ - НИЗ ЖЕНСКИ ЛЕЌИ.

●      Критериуми за избор на модераторот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.

 

Донатори








Членка на: