English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ/КА

ОПИС НА ЗАДАЧИ



1. Контекст на задачата

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите.

За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ, НСРР ќе се стреми кон:

  • Зајакнување на ефективноста, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста и одржливоста на мрежата и нејзините регионални центри;

  • Намалување на родово-базирано насилство, насилство врз жената и семејно насилство и реинтеграција на жртвите од родово-базирано насилство, насилство врз жената и домашно насилство;

  • Еднакво учество на жените во политичкиот и јавниот живот и во сите сфери на општеството;

  • Вклученост и активно учество на жените во процесите на прилагодување кон климатските промени.

2. Цел и опфат на задачата

Во првите две недели од месец јули ќе бидат спроведени (5) работилници во општините Скопје, Струга, Струмица, Ресен и Кавадарци. Тема на работилниците ќе биде важноста на вклученоста на жените и родовата еднаквост во политичките партии, политичкиот живот и процесите на одлучување. На средбите ќе бидат присутни претставнички на политички партии, како и претставнички на граѓанскиот сектор од горенаведените општини.

Целта на задачата на експертот/ката е да одржи пет (5) работилници  за улогата на жените во сегашните и новите изборни процеси во следните општини: Скопје, Струга, Струмица, Ресен и Кавадарци.

3. Специфични активности и очекувани резултати

Следните активности треба да бидат реализирани од страна на експертот/ката во координација со проектниот тим:

Да подготви програма за пет (5) работилници со физичко присуство.
Да подготви соодветна форма за евалуација на работилниците.
Да подготви наративен извештај од работилниците.
Да подготви листа на препораки согласно извештајот од работилниците.

Резултати/продукти кои треба да произлезат од работата на експертот/ката се:

План за имплементација на работилниците;
Форма за евалуација;
Наративен извештај;
Листа на препораки;

4. Времетраење и период на спроведување на активностите

За овој ангажман се предвидени вкупно пет (5) работни денови. Активностите треба да се реализираат во периодот Јули 2022.


5. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката

Експертот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми:

Општо професионално искуство

Високо образование од областа на општествени науки
Постдпломски и докторски студии ќе се сметаат за предност
Минимум 7 години работнo искуство.

Специфично професионално искуство и вештини

Професионално искуство во работа со граѓански организации од најмалку 5 години;
Искуство во спроведување на теренски активности и работилници на локално ниво;
Искуство во спроведуведување на активности со претставници/чки на политички партии;
Да поседува одлични комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини;
Одлични компјутерски вештини;

Државни службеници и персонал тековно вработен во јавната администрација немаат право да бидат избрани.

6. Пријавување и избор

Заинтересираните кандидати/тки можат да се пријават со доставување на  следниве документи:

Писмо за изразување интерес;

Професионално CV (во ЕУ формат за експерти);
Методологија (план за задачата);
Листа од три лица и нивни контакти за препорака од слични работни ангажмани;
Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход.

*Патните трошоци се предвидени во надоместокот за експертски ден. 


Пријавите треба да се достават најдоцна до 01.07.2022 на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за експерт/ка

Критериуми за избор на експертот/ката се предходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Доколку евалуационата комисија увиди потреба, кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју.



 

Донатори








Членка на: