Македонски (Macedonian)
Banner
Banner
Banner

Награди

Municipalities

Banner

Оглас пилот тренинг за финансиска писменост

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите.

Кратко објаснување за проектот

НСРР е партнер и тековно работи на Fly IN проектот кој е дел од Еразмус плус програмата. Партнери во проектот се организации од: Шведска, Кипар, Грција и Велика Британија.  Fly IN проектот има за цел развивање на образовна програма за обука на младински работиници, која ќе им помогне во зајакнување и проширување на нивните знаења и капацитети.

Цели на проектот:

-Да се развие иновативна програма за обука за финансиска писменост за младински работници, да им се дадат алатки, насоки и соодветна поддршка за обука на млади жени со мигрантско потекло.

-Директно да се обучуваат младински работници за финансиска писменост, кои пак, ќе обучуваат млади жени со мигрантско потекло, со цел да се зајакне и продолжи идниот ефект од тие обуки.

За таа цел НСРР ќе одржи дводневна пилот обука на тема финансиска писменост.

Првиот дел од обуката  ќе биде одржан во јули, еден ден во времетраење од четири часа. Истата ќе биде одржана во Скопје. Доколку се пријавени поголем број на учесници ќе биде направена селекција. Целта на обуката е учесниците да се запознаат со иновативните алатки развиени во рамките на проектот, како и нивна понатамошна употреба во спроведување на тренинг за финансиска писменост за жените.

Услови:

-Обуката е наменета за жени, не постари од 30 години.

-Обуката има за цел да ги зајакне, подобри капацитетите, знаењата и вештините на жените во управување со своите финансии преку иновативни алатки развиени во рамките на проектот.

Во однос на точниот датум и локација, дополнително ќе бидат контактирани селектираните учесници.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1S6GTS9Y0sdq3xlbaju52VAMyPl_bf8zyYGWvLpfOjAE/edit

Вториот дел од обуката ќе биде одржан во јули, еден ден во времетраење од четири часа. Истата ќе биде одржана во Скопје. Целта на обуката е учесничките да ги зголемат и зајакнат своите знаења и вештини за управување со своите финансии преку иновативни техники и алатки. Доколку се пријавени поголем број на учесници ќе биде направена селекција.

Услови:

- Обуката е наменета за младински работници, не постари од 30 години;

-Учесниците да не бидат просветни работници.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/18aO-LYUF9bvH3vaKkvZ9FJns1ClBOcLlnBDLImnqeH0/edit

 

Donors








Member of: