Мисија, визија и цели на НСРР 2022-2025 година
Мисија, визија и вредности
Мисија: промоција на правата на жените како човекови права, елиминирање на сите форми на дискриминација кон жените и градење општество со еднакви можности.
Визија: родова еднаквост, загарантирани права на жените, елиминирање на дискриминацијата на жените во општеството и семејството, развој и мир.
Вредности на кои се заснова работата на НСРР: еднаквост, ненасилство, толеранција, солидарност, комуникација и соработка, граѓански активизам, одржлив развој, транспарентност, мултикултурализам, почитување и заштита на човековите права, партиципативна демократија, социјална правда и вклученост.
Стратешка рамка на НСРР за 2022-2025 година
- Стратешка област 1: Институционален развој и организациско зајакнување на мрежата
Стратешка цел на програмата: Ефективна, ефикасна и одржлива организација и регионални центри
- Стратешка област 2: Превенција на родови стереотипи, сексизам, насилство врз жените и семејно насилство
Стратешка цел на програмата: Намалување на родовото насилство, насилството врз жените и семејното насилство, реинтеграција на жртвите на семејно и родово насилство
- Стратешка област 3: Економско зајакнување на жените, со посебен фокус на жените од руралните средини области и социјално претприемништво
Стратешка цел на програмата: Подобрување на социјалната и економската положба на жената во урбаните и руралните средини.
- Стратешка област 4: Жени, лидерство и учество
Стратешка цел на програмата: Еднакво учество на жените во политичкиот, јавниот живот и сите други аспекти на општеството
- Стратешка област 5: Родова еднаквост и климатски промени
Стратешка цел на програмата: Жените подеднакво се вклучени и учествуваат во процесот на адаптација на климатските промени
- Стратешка област 6: Жени, мир и безбедност
Стратешка цел на програмата: Мир во земјата и мир во регионот