ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПЛАТФОРМА ЗА Е-ЗНАЕЊЕ
Сојуз - Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА - Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се - Побарај гласно“, финансиран од UN Women има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во локалната заедница.
Во тој контекст, НСРР и АГОРА сакаат да идентификуваат компанија што ќе развие веб- платформа која ќе придонесе кон градење на капацитетите на локалните женски организации и нивно вмрежување.
За да ја преземете спецификацијата релевантна на овој повик, кликнете на линкот.
Рокот за доставување на понудите е 23.02.2021.