English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ



                                                                                                             





1. Вовед

Сојуз - Национален совет за родова рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА - Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се - Побарај гласно“, финансиран од UN Women има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во  локалната заедница. Преку реализација на проектот најмалку 10 женски организации ќе ги зајакнат сопствените капацитети за мобилизација на жените во локалните заедници и  ќе ги зајакнат капацитетите на жените за застапување со локалните власти. Во следна фаза од проектот, четири организации ќе добијат финансиска поддршка да спроведуваат теренски активности и активности за консултации и застапување со локалните власти со цел интегрирање на потребите на жените во општинските програми и буџети.

За реализација на активностите на проектот, наменети за градење капацитети на женски и граѓански организации, НСРР објавува Повик за избор на двајца (2) обучувачи/-чки за подготовка и испорака на дводневна обука за „ Процеси на буџетирање во општините и акции за застапување “.


  1. 2. Опис на работни задачи и испорачани услуги

Обучувачите/-чките треба да подготват и испорачаат дводневна обука за “ Процеси на буџетирање во општините и процесите на застапување“ наменета за  најмалку 20 учеснички од 10 женски организации од скопски, североисточен, источен и југоисточен регион во РСМ.

Обуката ќе биде поделена на два дела:

-           Дел 1, првиот ден, обуката ќе се фокусира на процесите на планирање и буџетирање во општините,

-           Дел 2, вториот ден , обуката ќе се фокусира на пристапите и алатките кои можат да се користат во процесите на застапување со општините.

Обучувачите ќе треба да развијат методологија за спроведување на обуките која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата. Од обучувачите се очекува  заеднички и во координација со раководителката на проектот да ја развијат програмата за обуката како и алатки за оцена.

Програмата за обуката треба да ги понуди/опфати следните теми:

  • Децентрализација, организација на локалната самоуправа, локална политика и одговорност на локалната самоуправа спрема граѓаните;
  • Разбирање на процесите на донесување одлуки;
  • Механизми и методологии за ефективно учество на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво (вклучувајќи практични примери и успешни приказни);
  • Улогата на граѓанските организации (ГО) во процесите на донесување одлуки и видови на соработка меѓу ГО и локалната самоуправа;
  • Застапување и лобирање на локално ниво;


2.1 Задачи на обучувачите а и испорака на обуката:

-           Да развијат програма за обуката;

-           Пред обуката да подготват презентации и вежби кои ќе ги споделат со раководителката на проектот;

-           Да ја спроведат обуката;

-           Да развијат и предложат методологија за оценка на  обуката;

После спроведената обука да изготват и поднесат извештај најдоцна 7 работни дена по завршувањето на обуката.


  1. 3. Информации за ангажманот

Право на пријавување имаат организации (профитни и непрофитни) или тим од двајца обучувачи кои ги исполнуваат условите.

Периодот планиран за спроведување на обуката е 9-10 декември, 2020. Работен јазик е македонски.

Местото на одржување на обуката  дополнително ќе биде определено . Обучувачите треба да бидат подготвени за спроведување на обуката и онлајн доколку се појави таква потреба.

Целокупниот ангажман за испорака на тренингот е максимум  5 работни денови за тимот ангажирани обучувачи. Тоа вклучува подготовка (програма, презентации и материјали), испорака на обука и подготовка на извештај.

  1. 4. Потребни квалификации

Обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование или 10 години работно искуство во менаџирање проекти во невладин сектор на теми поврзани со човекови права, буџети, застапување и сл.;
  • Искуство во спроведување обуки (предност ќе имаат оние кои имаат искуство со испорака на обуки на предвидените теми и со граѓански  организации);
  • Испорачани најмалку 5 обуки на темите: процес на буџетирање во општините и акции за застапување;
  • Познавање на спроведување на онлајн обуки (преку користење на ZOOM или други апликации);
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Способност за работење со кратки рокови и навремено испорачување на услуги.


  1. 5. Потребни документи

Понудата треба да го содржи следново:

-       Писмо за мотивација (до 500 зборови) на организацијата/тимот,

-       Кратка биографија (CV) на двајцата обучувачи со опис на експертизата релевантна за оваа задача,

-       Референтна листа на слични ангажмани (најмалку 5 за секоја од темите),

-       Финансиска понуда по испорачана услуга со сите вклучени трошоци. Истата треба да биде изразена во бруто износ во македонски денари.


Понудите треба да се достават до 18.11.2020 20.11.2020 година на следната електронска адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .


Овие обуки се дел од проектот „Вклучи се – Побарај гласно!“, спроведен од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.



 

Донатори








Членка на: