English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Оглас

Сојуз –Национален Совет за родова рамноправност објавува повик за ангажирање на 2 експерти за подготовка на Прирачник (водич) за подготовка на ИПАРД апликации во рамки на проектот „Вклучување на родовата перспектива во руралниот и земјоделскиот развој".

Потребни квалификации и вештини:

• Универзитетска диплома и / или релевантно искуство во областа на родовата рамноправност, општествените науки, правото, економијата или слично во соодветната област;

• Силни аналитички вештини и способности за пишување на извештаи;

• Добри интерперсонални вештини, јасна комуникација и способност за воспоставување на работни односи со засегнати страни, и граѓанскиот сектор.

Општо професионално искуство:

• Минимум седум (7) години професионално искуство во работењето на полето на родовата еднаквост, човекови права, развој на методологии и подготовка на извештаи и анализи. Пожелно е искуство поврзано со анализа на ИПАРД програмата и/или руралниот и земјоделскиот развој.

Предвидениот датум за почеток на ангажманот е 7 јуни 2019 година, во траење од макс. 8 дена

Заинтересираните кандидати да испратат CV и писмо за мотивација најдоцна до 06.06.2019 до 16.00 часот на емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Донатори








Членка на: