English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проект „Во Европа“

Проектот „Во Европа, со нас или без нас - судбината на исклучените" има активности за разни групи во неповолна положба, вклучително и постарите лица, жените во тешка ситуација, жртви на секаков вид насилство, лица со пречки во образованието, мигранти (со посебен акцент на судбината на жените), спротивставувајќи се на нивната дискриминација.

Се одржаа пет партнерски состаноци, вклучувајќи и две 5-дневни обуки, при што учесниците - едукатори од земјите-партнери на овој проект се стекнаа со знаења за три специфични методи (биографски наративен интервју, биографски разговор, драма).

Овие нови вештини ќе се користат за да се дијагностицираат проблемите и нивно решавање, а првиот чекор во оваа насока ќе биде развивање на профили на возрасни лица од различна возраст (25+/60+) од загрозените средини. Во секоја земја беа спроведени неколку интервјуа и биографски интервјуа со претставници на нашите целни групи, а нивната судбина беше визуелизирана со користење драма техники.

Проектот беше наменет за наставен кадар и инструктори на европските институции кои учествуваат во проектот, група ученици кои се поврзани со овие организации и за луѓето од групите ранливи на маргинализација.

Проектните активности опфатија околу 1000 луѓе, вклучувајќи слушатели и гледачи. Главната цел на нашиот проект беше да се подобри квалитетот на образованието и доживотното учење.

Подеднакво важна цел беше да се поттикне и јавноста да размислува за идеи како омраза, почит, милост и љубов и да гради дијалог помеѓу луѓето, така што тие да разговараат едни со други и да бидат љубопитни едни за други.

Проектот го олеснува разбирањето на тековните настани, механизми и социјални проблеми, кои се соочуваат во различен степен од страна на сите европски земји, меѓу другите, еден од најдраматичните и сложени феномени на модерното време, имено миграциската криза.

Проектот ВО ЕВРОПА е финансиран од Европската комисија во рамките на програмата ERASMUS+.

Брошурата за проектот може да ја преземете овде на македонски и овде на англиски.

 

Донатори








Членка на: