Македонски (Macedonian)
Banner
Banner
Banner

Награди

Municipalities

Banner

ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

Националниот совет за родова рамноправност објавува повик за вклучување на волонтери во работата на канцеларијата на НСРР.

Волонтерството ќе се одвива во рамките на реализација на програмските активности или административно-финансиските функции на НСРР. Волонтерите ќе учествуваат во подготовка на проекти, во организирање настани, во истражувања и анализи, во правењето вести и прибирањето информации, одржување на веб страната. Во зависност од интересот и квалификациите на волонтерот, како и од пристапот на програмите и процесите ќе се одреди подрачјето и активностите во кои ќе се вклучи истиот.

На јавниот повик се повикуваат сите заинтересирани кандидати – дипломирани или студенти во завршна година на студирање од областа на општествените науки (социологија, психологија, родовите студии и правни и општествени науки) и др.

Со работата на НСРР (визијата, мисијата, долгорочните цели, активностите и процедурите) заинтересираните можат да се запознаат преку веб страната на организацијата.

Времетраењето на праксата ќе се уреди со заеднички договор според Законот за волонтерство.

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи на е-маил This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ,   This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it :

-мотивационо писмо;                                                                     
-кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).

За дополнителни информации можете да се обратите на следните телефони:                                                                +389 (0)2 3238 184 и мобилен: 071 212 727

 

Donors








Member of: