Тркалезна маса
На иницијатива на Националниот совет за родова рамноправност се одржа Тркалезна маса посветена на потребите од измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од семејно насилство и побрза ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција).
Целта на средбата беше дискусија околу ефикасноста на Законот за спречување и заштита од семејно насилство, потребите од негови дополнувања и измени, како и потребата од побрза ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција).
Од средбата произлегоа конкретни предлози и препораки кои понатаму ќе може да се користат во процесот на застапување и лобирање за ратификација на Истанбулската конвенција.