English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Студиско патување во Загреб, Република Хрватска

Во рамки на проектот „Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција”, од 5 до 7 октомври 2015 год., Националниот совет за родова рамноправност во партнерство со Центар за жени жртви на војната „Роса“ од Загреб, организираше студиско патување во Загреб за седумчлена група од претставнички на институции кои работат на полето на родово базираното насилство, и тоа: од Министерство за надворешни работи - Евгенија Илиева, од Министерство за правда - Тања Кикерекова, од Министерство за труд и социјална политика (сектор за еднакви можности) - Даниела Хаџи-Димитрова Јованова, заменичката на Народниот правобранител Васка Бајрамова-Мустафа, директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје - Биљана Јарчевска, Савка Тодоровска од НСРР (национална СОС мобилна линија) и координаторката од НСРР за Македонија Светлана Јанева.


Патувањето беше со цел размена на хрватското искуство и нивни позитивни практики за исполнување на условите за пристапување во членство на Европска Унија, особено во областа на родово базираното насилство. На студиското патување групата имаше работни состаноци во Министерство за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска, Народна правобранителка за родова рамноправност на РХ, Народна правобранителка за деца на РХ, Завод за вработување, Министерство за социјална политика и млади, Собрание на РХ (комисија за родова рамноправност), Министерство за правда, Автономна женска куќа, Центар за жени жртви на војната “РОСА” и Центар за женски студии.

На состаноците беа разменети искуства, позитивни практики и чекорите кои Република Хрватска ги преземала во претпристапниот период за усогласување на законодавството за родово базирано насилство за членство во ЕУ, а кои Република Македонија би требало да ги преземе и за прием во ЕУ.

 

Донатори








Членка на: