English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Давајќи им глас на жените од рурална Македонија

Националниот совет за родова рамноправност во периодот септември 2014 – мај 2015 спроведуваше активности во рамки на проектот „Давајќи им глас на жените од рурална Македонија“, поддржан од Меѓународниот совет на жени. Активностите кои се спроведуваа во три рурални општини: Општина Лозово, Општина Студеничани и Општина Центар Жупа имаа цел да го подобрат квалитетот на живеење на жените и девојчињата, како и да се унапредат статусот на жените и еднаквите можности.

Во рамки на проектот беа спроведувани работилници со цел зајакнување на жените, а жените имаа можност да ги идентификуваат своите потреби и проблеми и врз база на идентификуваните приоритети да дефинираат локални акции. Локалните акции, кои всушност беа акции за застапување пред локалната самоуправа ги спроведоа жените од трите целни општини. Тие остварија средби со локалните власти со цел да ги претстават нивните потреби и проблеми и да дадат иницијативи за решавање на проблемите.

Како резултат на проектот се унапреди соработката меѓу женските невладини организации  и локалната самоуправа и се дефинираа идни чекори за заедничко делување во насока на решавање на конкретните проблеми и подобрување на квалитетот во заедниците. 

Повеќе фотографии на следниот линк.

 

Донатори








Членка на: