Правна помош за жртви на семејно насилство

English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Правна помош за жртви на семејно насилство

Националниот совет за родова рамноправност отвори сервиси за бесплатна правна помош за жртви на СН

Во рамки на проектот „Имам право да бидам заштитен/а“, Националниот совет за родова рамноправност отвори сервиси за бесплатна правна помош во општините: Велес (сервисот ги покрива општините Велес, Градско и Чашка), Кавадарци (сервисот ги покрива општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија) и Кривогаштани (сервисот ги покрива општините Кривогаштани, Долнени, Прилеп и Крушево).

Исто така во рамки на проектот, се спроведоа три тематски форуми во Велес, Кавадарци и Кривогаштани на тема „Подобрување на упатните механизми и заштитните мерки за жртвите на семејно насилство на локално ниво“. На форумите присуствуваа претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование, Јавното обвинителство, локалната самоуправа и невладините организации од целните општини.

Проектот се спроведува со поддршка на УНИФЕМ во рамките на Заедничката програма на ОН за превенција на семејното насилство.

Повеќе слики може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: