Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција
Проектот „Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција” во Македонија и Хрватска во партнерство го споведуваат женските невладини организации: Национален совет за родова рамноправност од Скопје и Центар за жени жртви на војната - РОСА од Загреб.
Проектот е финансиран од програмата за развојна соработка 2015 на Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Главна цел на програмата е придонес кон зајакнување на хрватските граѓански организации за спроведување на проекти за развојна соработка. Втора важна цел е придонес кон создавање и јакнење на партерства меѓу хрватски и странски партнерски организации од граѓанскиот сектор.
Очекувани резултати од проектот:
1. Зголемени капацитети на женските граѓански организации за вмрежување, поврзување и спроведување на програми/проекти за меѓународна развојна соработка, пост-конфликтна демократска транзиција, како и обезбедување на помош и поддршка за жени кои преживеале родово засновано насилство и дискриминација.
2. Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации, донесувачите на одлуки и институциите кои работат на полето на насилството и пост-конфликтната демократска транзиција.
3. Зголемена видливост на проблемот на родово засновано насилство и приоритетите на хрватската развојна соработка.
Траење на проектот: 24 месеци (2015-2016)