English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита и транспарентноста на локалните самоуправи

Националниот совет за родова рамноправност спроведува проект „Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита и транспарентноста на локалните самоуправи“.

Цели на проектот се: унапредување на доброто владеење на локалните самоуправи преку принципите на отвореност, одговорност и транспарентност, зголемување на учеството на граѓаните и граѓанските организации во креирањето и одлучувањето во доменот на социјалната заштита на локално ниво и унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

Проектот се спроведува во општините Могила, Росоман и Арачиново во соработка со три младински организации.

Во рамки на проектот локалните младински организации го користат и го промовираат правото на пристап до информации од јавен карактер преку воспоставување на соработка со локалните самоуправи и добивање на информации од доменот на социјалната заштита.

Во рамки на проектот се планирани и средби со локалните власти со цел презентирање на резултатите од проектните активности.

Проектот е поддржан од фондацијата Метаморфозис.

 

Донатори








Членка на: