English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Трибина по повод Денот на жената

По повод меѓународниот Ден на жената - 8. март, НСРР организираше трибина на тема „Феминистички теории за политиката и политичката реалност во Македонија“.

Предавач беше доц. д-р Каролина Ристова - Астеруд од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Целта на трибината беше да се одбележи Денот на жената во неговата вистинска смисла, со анализа и дискусија за учеството на жената во сферите на одлучување во општеството. Беше даден осврт на зачетоците на феминизмот, теориите кои му претходеле и правците кои се развивале понатаму. Беше анализирана општествената корист од доследното почитување на женските права, се говореше за принципот меѓу личното и политичкото и други прашања кои отворија простор за понатамошна заложба за организирање на слични трибини.

Атмосферата на трибината ја разубаве „Елена Лука“ со рози кои ги подели на жените и освежување.

Фотографии од настанот може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: