English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Активности од кампања ПОТПИШУВАМ

На 04.12.2013, во хотел Бест Вестерн, НСРР учествуваше на настан во организација на Македонското женско лоби, во рамки на светската кампања „16 дена активизам против насилството врз жената и семејно насилство“ и проектот "Дејствувај против силувањето! Искористи ја Истанбулската конвенција!" кој Европското женско лоби во соработка со Опсерваторијата за насилство врз жените и со поддршка на Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на Финска го спроведува во 33 земји во Европа преку националните организации членки на мрежата на Европското женско лоби.

На настанот се даде осврт на проблемот на насилството врз жените, домашното насилство и останатите форми на родово базирано насилство, како и на предизвиците во процесот на ратификација на Истaнбулската конвенција.

Присутни беа претставници од Парламентот на РМ, Министерството за труд и социјална работа, Министерството за правда, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите во Парламентот на РМ, Општините, повеќе невладини организации, меѓународни организации и други.

НСРР ја претстави кампањата ПОТПИШУВАМ која ја води во рамки на проектот „Со заеднички напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“. Присутните беа информирани за сите активности кои НСРР ги спроведува во рамки на кампањата, а беа повикани да ја дадат својата поддршка со потпишување на он-лајн петицијата и со потпишување на постерот.

Фотографии од настанот може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: