English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство

Цел на проектот: Придонес кон воспоставување на сеопфатни законски решенија и политики за заштита од родово базирано насилство во Западен Балкан, како услов за постигнување на демократија, исполнување на човековите права, социјално вклучување и усогласување со европските вредности. Покрај тоа, проектот е насочен кон јакнење на капацитетите на женски организации и мрежи во 4 земји од Западен Балкан за: анализа, следење и застапување во областа на заштита на жени од родово базирано насилство, преку долгорочна регионална соработка и учење од искуствата на Европската унија.

Рамка за проектните активности претставува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Очекувани резултати од проектот:

1. Развиени знаења и вештини на женските организации за активно учество во јавен дијалог и влијание врз носителите на одлуки во областа на заштита од родово базирано насилство.

2. Воспоставен дијалог помеѓу женските организации/мрежи и носителите на одлуки за усогласување на националните закони и мерки за заштита на жртвите од родово базирано насилство со Конвенцијата на Советот на Европа.

3. Зајакнати капацитети на женските организации за застапување на правата на корисничките и следење на мерките за заштита од родово базирано насилство и социјално вклучување на локално ниво.

4. Воспоставен систем за сеопфатно следење на примена на законите и политики во врска со Конвенцијата на Советот на Европа.

Траење на проектот:  24 месеци (2013/2014)

Проектот е финансиран од Европска Унија.

 

Донатори








Членка на: