English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Хуманитарен Василичен коктел

Традиционално, секоја година, Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ организира Хуманитарен Василичен коктел.

Оваа година НСЖМ-СОЖМ под покровителство на градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ орагaнизира Хуманитарен Василичен коктел на 14.01.2010 година (четврток) во хотелот „Холидеј Ин“ – Скопје со почеток во 12:00 часот.

Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за стипендирање на студенти бруцоши кои потекнуваат од семејства кои не се во можност да обезбедат школување на своите деца.

Средствата кои беа собрани од Традиционалниот хуманитарен Василичен коктел во 2009 година беа наменети за:

1. Обновување на Дневниот центар за деца со пречки во развојот што се наоѓа во населба Железара:

- Обновување на купатилата

- Поставена нова влезна врата

- Поправки на електричната инсталација

- Поправка на две клизачки врати и обновување на работните маси

2. Отворање на Дневен центар за поддршка на родители на деца со аутизам:

- Реновирање и опремување на простор каде ќе отпочне со работа Центарот за поддршка на родители на деца со аутизам.

 

Донатори








Членка на: