English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2013-2014


Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита и транспарентноста на локалните самоуправи

Националниот совет за родова рамноправност спроведува проект „Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита и транспарентноста на локалните самоуправи“.

Цели на проектот се: унапредување на доброто владеење на локалните самоуправи преку принципите на отвореност, одговорност и транспарентност, зголемување на учеството на граѓаните и граѓанските организации во креирањето и одлучувањето во доменот на социјалната заштита на локално ниво и унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

Проектот се спроведува во општините Могила, Росоман и Арачиново во соработка со три младински организации.

Во рамки на проектот локалните младински организации го користат и го промовираат правото на пристап до информации од јавен карактер преку воспоставување на соработка со локалните самоуправи и добивање на информации од доменот на социјалната заштита.

Во рамки на проектот се планирани и средби со локалните власти со цел презентирање на резултатите од проектните активности.

Проектот е поддржан од фондацијата Метаморфозис.

 

Балканска Коалиција на Жени за професионална квалификација и тренинг во полето на еконoмијата и бизнис науките

Идејата на проектот е израсната и развиена од партнерските организации од Грција, Романија, Хрватска, Македонија, Србија, Албанија, Бугарија и Турција.

Целта на овој проект е создавање на стабилна и мултинационална мрежа на институции и организации од Балканскиот регион, со цел да се развијат квалификации и да се организираат семинари кои ќе им помогнат на жените во полето на развивање на бизнисите. Главната цел на проектот е да се креира мрежа со цел да се поддржи меѓуграничното партнерство меѓу образовните институции и економскиот и социјален развој базиран на заеднички ресурси. Промоција на женскиот придонес во истражувањето, иновацијата и сознанието се некои од принципите кои ќе бидат следени во имплементацијата на целите.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страна на проектот.

Период: 2012/2015

 

Гласот на младите рурални момчиња и девојчиња

Цел: Активно вклучување на младите од руралните средини во општествениот живот во заедниците.

Активности: 3 локални акции во три рурални општини, 3 работилници за воспоставување на локални акциони младински групи, 3 работилници за застапување и лобирање.

Резултати: 60 млади луѓе од 3 рурални општини обучени за активно вклучување во општествениот живот во заедниците.

Период: 01.09.2012 – 28.02.2013

Донатор: Високиот комесар за човекови права при ООН во РМ.

Фотографии од проектот овде.

 

Преку едукација кон вклучување на пазарот на труд 2

Цел: Придонес кон вработувањето на руралните жени и нивно вклучување на пазарот на труд.

Активности: Три еднодневни обуки насловени „Економско зајакнување на жени“.

Резултати: 45 рурални жени обучени за нивните економски права и можности, економски можности за женско претприемништво, личен и професионален развој, менаџирање на бизнис и маркетинг стратегија, развој на бизнис идеја и бизнис план.

Период: 01.11.2012 – 31.01.2013

Донатор: Амбасада на Република Франција во Македонија

 

Соочување со минатото во Црна Гора и Македонија

Цел: Зајакнување на женското учество во регионалниот женски суд во Западен Балкан.

Активности: Семинар за феминистичката перспектива на правдата, 2 работилници со цел едуцирање на жените за транзициската правда и помирувањето, 6 локални работилници за промоција на женскиот суд  и мотивирање за активно учество на жените од Македонија.

Резултати: 100 жени од Македонија тренирани и подготвени да учествуваат во регионалниот трибунал Женски Суд 2014.

Период: 01.09.2012 – 28.02.2013

Донатор: Квина Тилл Квина

 
Повеќе Артикли...

Донатори








Членка на: