English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Кои сме ние

ЗА НСРР

Сојуз - Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ) е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа, креативно ориентирана кон иднината. Организацијата се стреми кон постигнување на родова рамноправност, развој, заштита на женските права и мир.

Националниот совет за родова рамноправност е мрежа во која членуваат околу 116 локални формални и неформални женски организации и групи од урбани и рурални средини во државата.

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) е формиран во октомври 1994 и израсна во една од најголемите женски мрежи во Република Македонија. Членки на мрежата се жени од различна возраст, различно социјално и образовно ниво, етничка припадност и религија.

Со своите активности НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи, учествува во унапредувањето и подобрување на политиките за родово базираното насилство, и се залага за сè она што се подразбира со зборот рамноправност.

Во рамките на Националниот совет за родова рамноправност функционира бесплатна СОС линија за жртви на семејно насилство.

Бесплатните броеви се:     ++ 389 (0) 70 141 700                    

                                                                 075 141 700                  

                                                                 077 141 700

ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ

Партиципација - вклученост на членството во процесите на одлучување.

Транспарентност и одговорност - јавност (јавна проверка, контрола) и отвореност кон институциите, членството и јавноста, со постоечки механизми кои обезбедуваат одговорно однесување.

Партнерство (соработка) - меѓу различни вклучени страни, кои се согласуваат да ги споделат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел. Партнерството како принцип, се надградува со партиципација.

Толеранцијата - спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите и различни.

Еднакви можности - за сите и пристап до придобивките од организацијата, без дискриминација  и фаворизирање.

 

Донатори








Членка на: