English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Трибина „Родово базирано насилство“

Во понеделник (1.04.2013) во 17 часот се одржува редовната трибина на СОЖМ - Скопје.

Темата оваа недела е „Родово базирано насилство“, а ќе биде одржана од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилството“.

На трибината ќе бидат присутни и студенти од Филозофскиот факултет од катедрата за Родови студии.

 

Работен состанок со локални партнерски организации

На 29 и 30 март 2013 г. Националниот совет за родова рамноправност ќе одржи работен состанок со локални партнерски организации во рамките на проектот „Со здружени напори - кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“. Место на одржување ќе биде хотел Скопје во Скопје. Фацилитатори ќе бидат Савка Тодоровска и Светлана Јанева од Националниот совет за родова рамноправност.

 

Учество на семинар во Истанбул, дел од проектот „Балканска женска коалиција“

Претставничка на Националниот совет за родова рамноправност учествуваше на тридневен семинар во Истанбул, Турција, како дел од проектот „Балканска женска коалиција за професионална квалификација и тренинг во полето на бизнисот и економијата“.

Семинарот се одржа од 20 - 22 март 2013 година, а главни теми беа: Менаџирање на човечки ресурси и Претприемништво за мигранти и луѓе со хендикеп.

На семинарот учествуваа преставнички од сите организации учеснички во проектот од балканските земји: Грција, Турција, Романија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Македонија.

Македонија во овој проект учествува како Партнер од трета земја, додека водечки партнер е Грчката асоцијација за жени претприемачки (С.Е.Г.Е.).

Учесниците имаа можност да споделат искуства, да научат нови работи и да остварат нови контакти и познанства, како можност за понатамошна соработка.

Повеќе околу проектот може да погледнете на официјалната страна на проектот, како и на Фејсбук фан страната.

 

Учество на 57мата конференција на Обединетите нации за статусот на жените

Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, учествуваше на 57мата конференција на Обединетите нации за статусот на жените која се одржа во Њујорк, Соединети Американски Држави.

Конференцијата се одржа од 4 - 15 март во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Главна тема на овогодинешната конференција беше „Елиминација и превенција на сите форми на насилство врз жените и девојките“.

Повеќе информации за конференцијата, учесниците, заклучоците и настаните може да најдете на официјалната страна.

 

Презентација на активности од проектот „Координирани напори - кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“

На 11. март, понеделник, во просториите на ЕУ Инфо центар беше промовиран проектот „Координирани напори - кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“.

Проектот е финансиран од ЕУ.

Националниот совет за родова рамноправност е еден од партнерите, а носител на проектот е Автономни женски центар - Србија.

Повеќе...

 

Донатори








Членка на: