Традиционален велигденски хуманитарен хепенингНа 05. 05. 2013, по повод Велигденските празници, традиционално како секоја година, Националниот совет за родова рамноправност организираше хуманиратен хепенинг пред Соборниот храм Св. Климент Охридски. Жените - членки на НСРР подготвија многу вкусни работи кои можеа да се купат, а собраните средства од продадените вкупно 53 производи ќе бидат донирани за новите мобилни гинеколошки амбуланти во руралните средини, за ПАП тестови. Повеќе слики од овој преубав сончев ден може да погледнете овде. Донација играчки за нова градинка во село Трцино, ВиницаНационалниот совет за родова рамноправност, заедно со подмладокот - студентите на Родови студии од Филозофскиот факултет во Скопје, подари играчки за новата градинка во село Трцино, општина Виница, преку организацијата „Златно доба“ од Виница, членка на Националниот совет за родова рамноправност. НСРР работи на поддршка на жените во руралните средини, а отворањето на детска градинка во рурална средина е од особено значење за економското јакнење на тие жени. Националниот совет за родова рамноправност на саемот за образование 2013Националниот совет за родова рамноправност се претстави на Саемот на книга и образование 2013 како дел од штандот на TACSO. Ова беше одлична прилика Националниот совет да се претстави пред пошироката јавност со печатени материјали од своите многубројни активности. Повеќе фотографии може да погледнете овде. Трибина 08.04.2013На 08.04.2013 во рамки на редовните понеделнички трибини, во просториите на СОЖМ Скопје (зградата спроти Градска болница) беше одржана трибина на тема „Наставните програми на родовите студии“ од страна на студенти волонтери во I година на оваа катедра. Проект „Гласот на руралните момчиња и девојчиња“
Целта на проектот беше зајакнување на младите од руралните средини и нивно вклучување во општествениот живот во заедниците. Како резултат на проектот беа основани три невладини младински здруженија во трите општини. Проектот беше реализиран со поддршка на Високиот комесар за човекови права при ООН во РМ. Повеќе фотографии овде. |