English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Работилница за економско јакнење на руралните жени

На 29.06.2013 г. во просториите на НСРР во рамки на проектот „Преку едукација до вклучување на пазарот на трудот“ се одржа двочасовна работилница на која присуствуваа жени од општините Арачиново и Сопиште. Работилницата е дел од циклусот обуки за економско јакнење на руралните жени.

Првиот дел од работилницата беше фокусиран на мотивацијата како движечки фактор во самореализацијата на индивидуите, преку интерактивни активности и разговори. Вториот дел беше фокусиран на развивање на бизнис идеа, каде преку интерактивни активности беа развиени бизнис идеи од страна на сите учеснички.

Повеќе фотографии може да погледнете овде.

 

Семинар „Развој на комуникациска стратегија“

Од 28. до 30. јуни 2013 година, во рамки на проектот „Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство“, беше одржан семинар на тема „Развој на комуникациска стратегија“. Семинарот беше со цел локалните партнерски организации да се стекнат со знаења за развој на комуникациска стратегија и да изработат комуникациски план. 

Слики од семинарот може да погледнете овде.  

 

Воспоставување соработка за отпочнување на процес за ратификација на Истанбулската конвенција

На 17.06.2013 година претставнички на НСРР одржаа работна средба со членовите на Парламентарниот Национален совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска - претседателка, г-ѓа Силвана Бонева - заменичка претседателка и г-дин Хајрула Мисини - претседател на парламентарната комисија за европски прашања.

Состанокот беше во насока на воспоставување на соработка и поддршка во предратификациониот период, ратификација на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа (позната како Истанбулска конвенција) и придобивките од ратификацијата.

 

Дружење со матурантите од Детскиот дом „11 октомври“ Скопје

Националниот совет за родова рамноправност имаше задоволство да се дружи, на една неформална вечера, со матурантите од домот „11 Октомври“.









По официјалната прослава во домот, ова беше одлична можност членките на Националниот совет за родова рамноправност да се запознаат подобро со младите, да поразговараат за нивните понатамошни планови и желби и да се продискутира за понатамошните планови за заеднички активности заедно со директорката на Домот.

На сите матуранти, со поддршка од Комерцијална банка ад Скопје, им беа доделени скромни подароци, во знак на нивното успешно завршување на средното образование.

 

 

НСРР на конференција во Молдавија

Претставнички на Националниот совет за родова рамноправност учествуваа на конференција на тема „Развој на туризмот во демократско општество со почитување на родова еднаквост“ која се одржа во Кишњев, Молдавија, од 23 - 25 мај 2013 г.

Конференцијата беше организирана од страна на Здружение на бизнис и професионални жени на Република Молдавија, а учествуваа претставнички од целиот регион кои имаа свои излагања и презентации во врска со темата на Конференцијата.

 

Донатори








Членка на: