English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Националниот совет за родова рамноправност со нов проект „Економско јакнење на жените од руралните средини“

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) работи на проектот „Економско јакнење на жените од руралните средини“. Проектот се спроведува во три општини - Илинден, Сопиште и Сарај.

Активностите на проектот се состојат од едукативни работилници кои ги спроведуваат експерти од Фондацијата за претприемништво (YES), со цел подобрување на квалитетот и стандардот на живеење на граѓаните, а особено јакнење на капацитетите на жените за нивно економско јакнење и осамостојување и развој на сопствен бизнис.

Реализацијата на активностите е со финансиска поддршка на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, а со поддршка на градоначалниците на посочените општини.

Фотографии од одржаната работилница со жените од Општина Сарај можете да погледнете овде.

 

НСРР СОЖМ член на Иницијативниот одбор за Женскиот суд на Поранешна Југославија

Неодамна Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) стана член на Иницијативниот одбор за Женскиот суд на поранешна Југославија. Во составот на Иницијативниот одбор се вбројуваат: „Жене женама“ (Сарајево, Босна и Херцеговина), „Центар за женско и мировно образовање Анима“ од Котор (Црна Гора), „Центар за женске студије“ и „Центар за жене жртве рата“ од Загреб (Хрватска), „Женска мрежа“ од Косово, „Женске студије“ и „Жене у црном“ од Белград, кои заеднички покренаа иницијатива за организирање на Женскиот суд на просторот на Поранешна Југославија. „Жене у црном“ се носители на програмските активности за организирање на Женскиот Суд, како и за договарање и координирање на сите активности со организациите кои го чинат Иницијативниот одбор.
На 15 и 16 ноември, НСРР СОЖМ, како нов член на иницијативниот одбор на Женскиот суд, беше домаќин и организатор на семинарот „Женски суд - феминистички пристап кон правдата“, кој се одржа во хотел Романтик во Велес.
 

Активности во рамките на проектот „Организирање и спроведување на обуки за протоколните упатни механизми за секторите здравство, полиција, образование, социјална заштита и невладин сектор во доменот семејно насилство“

Националниот совет за родова рамноправност во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Министерството за труд и социјална политика, а во рамки на заедничката програма за справување со семејно насилство на Организацијата на обединети нации, спроведува активности во рамките на проектот „Организирање и спроведување на обуки за протоколните упатни механизми за секторите здравство, полиција, образование, социјална заштита и невладин сектор во доменот семејно насилство“.

Во рамките на проектот предвидено е да се одржат дводневни обуки за примена на Заедничкиот протокол за постапување во случај на семејно насилство во општините: Кавадарци, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Штип, Охрид и Скопје. Обуките се наменети за претставниците на следните институции: Министерство за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и граѓанските организации.

Заедничкиот протокол е одобрен од страна на владата во рамките на заедничката програма на Обединетите нации за „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“, финансирана од Владата на Кралството Холандија и Фондот на Обединети нации за елиминација на насилството врз жените.

Крајната цел на обуките е координирано делување на релевантните институции кон случаите на семејно насилство и поуспешна превенција и заштита на жртвите на семејно насилство.

 

Конференција на тема “Политиките на државите и меѓународните организации кон женското предприемништво”

Националниот совет за родова рамноправност го прослави 8-ми Mарт преку организирање на конференција на тема “Политиките на државите и меѓународните организации кон женското предприемништво” . Конференцијата се одржа на 1ви Март 2011 во Скопје.

Оваа конференција имаше повеќе цели:

  • Прослава на стогодишнината од 8-ми март, меѓународниот ден на женските права;
  • Промоција на женското претприемништво
  • Вмрежување и размена на искуства со грчката организација СЕГЕ, во однос на улогата на невладините организации во процесот на промоција на женското претприемништво.

Од дискусијата на конференцијата се донесоа неколку заклучоци:

  • Лобирање за подобрување на владините политики кон поддржување на женското претприемништво;
  • Обуки за жени кои сакаат да почнат сопствен бизнис;
  • Отворање на фондови за поддршка на жени претприемачки;
  • Вмрежување на национално и регионално ниво.

 

Промена на името на организацијата

Од 2011 година е извршена промена на името на организацијата во Национален Совет за Родова Рамноправност на вас препознатлива како НСЖМ-СОЖМ

И натаму еднакво продолжуваме со своите цели, визии и мисии.

 

Донатори








Членка на: