English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Учество на семинар во Истанбул, дел од проектот „Балканска женска коалиција“

Претставничка на Националниот совет за родова рамноправност учествуваше на тридневен семинар во Истанбул, Турција, како дел од проектот „Балканска женска коалиција за професионална квалификација и тренинг во полето на бизнисот и економијата“.

Семинарот се одржа од 20 - 22 март 2013 година, а главни теми беа: Менаџирање на човечки ресурси и Претприемништво за мигранти и луѓе со хендикеп.

На семинарот учествуваа преставнички од сите организации учеснички во проектот од балканските земји: Грција, Турција, Романија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Македонија.

Македонија во овој проект учествува како Партнер од трета земја, додека водечки партнер е Грчката асоцијација за жени претприемачки (С.Е.Г.Е.).

Учесниците имаа можност да споделат искуства, да научат нови работи и да остварат нови контакти и познанства, како можност за понатамошна соработка.

Повеќе околу проектот може да погледнете на официјалната страна на проектот, како и на Фејсбук фан страната.

 

Учество на 57мата конференција на Обединетите нации за статусот на жените

Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, учествуваше на 57мата конференција на Обединетите нации за статусот на жените која се одржа во Њујорк, Соединети Американски Држави.

Конференцијата се одржа од 4 - 15 март во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Главна тема на овогодинешната конференција беше „Елиминација и превенција на сите форми на насилство врз жените и девојките“.

Повеќе информации за конференцијата, учесниците, заклучоците и настаните може да најдете на официјалната страна.

 

Презентација на активности од проектот „Координирани напори - кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“

На 11. март, понеделник, во просториите на ЕУ Инфо центар беше промовиран проектот „Координирани напори - кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“.

Проектот е финансиран од ЕУ.

Националниот совет за родова рамноправност е еден од партнерите, а носител на проектот е Автономни женски центар - Србија.

Повеќе...

 

Инфо за проектот „Соочување со минатото во Македонија и Црна Гора“

Проектот беше финансиран од Kvinna till Kvinna.

Времето на имплементација беше четири месеци (од ноември 2012 г. до фебруари 2013 година).

Активности: тродневен семинар (Скопје), 2 консултативни состаноци (Скопје), 6 локални работилници/дискусиони групи (Струга, Гостивар, Велес, Непроштено, Пробиштип, Кавадарци), евалуативен состанок (Скопје), публикување на брошура.

Главната цел на состаноците беше жените да се соберат, заеднички да промислат, да споделат искуства за активности и да направат договор за понатамошна работа за ширење на свеста за родовиот аспект на транзиционата правда во Македонија. Се сподели едно заедничко размислување за зачувување на мирот и безбедноста и проширување на иницијативата за „Женски суд - феминистички пристап кон правдата", како и за активизмот, антимилитаризмот и одговорноста како услов за создавање на траен мир и развој.

Повеќе фотографии од сите активности може да погледнете овде.

 

Фреја форум

На 12 ноември 2010 (петок) во 18 часот, во клубот на пратеници, градоначалникот на општина Центар г-дин Владимир Тодоровиќ, г-дин Јенс Орбак – генерален секретар на меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска и г-ѓа Савка Тодоровска - претседателка на НСРР, одржaа прес конференција на која е промовирана и презентирана програмата на Фреја Форумот 2010.

Оваа година домаќин на четвртиот Фреја Форум беше Република Македонија односно Националниот совет за родова рамноправност и се одржа од 12-14 Ноември 2010 год. во Скопје во хотел Континентал. Темата на Форумот беше: „Демократија, еднакви можности и предизвиците на мобилноста за намалување на сиромаштијата”. На истиот учествуваа 200 претставнички/ци од 12 држави од Европа и од земјите од Западен Балкан.

Фреја Форумот придонесува кон воспоставување и одржување на платформа за соработка помеѓу граѓанскиот, бизнис секторот и владините институции преку размена на искуства од регионот и ЕУ.

Повеќе слики може да погледнете овде.

За повеќе информации околу Фреја Форумот посетете ја официјална страна.

 

Донатори








Членка на: