English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Националниот совет за родова рамноправност на саемот за образование 2013

Националниот совет за родова рамноправност се претстави на Саемот на книга и образование 2013 како дел од штандот на TACSO.

Ова беше одлична прилика Националниот совет да се претстави пред пошироката јавност со печатени материјали од своите многубројни активности.

Повеќе фотографии може да погледнете овде.

 

Трибина 08.04.2013

На 08.04.2013 во рамки на редовните понеделнички трибини, во просториите на СОЖМ Скопје (зградата спроти Градска болница) беше одржана трибина на тема „Наставните програми на родовите студии“ од страна на студенти волонтери во I година на оваа катедра.

 

Проект „Гласот на руралните момчиња и девојчиња“

Националниот совет за родова рамноправност во периодот од септември 2012 до февруари 2013 го спроведуваше проектот „Гласот на руралните момчиња и девојчиња“. Во рамки на проектот беа одржани повеќе работилници, обуки и состаноци во целните општини: Арачиново, Могила и Росоман.

Целта на проектот беше зајакнување на младите од руралните средини и нивно вклучување во општествениот живот во заедниците.

Како резултат на проектот беа основани три невладини младински здруженија во трите општини.

Проектот беше реализиран со поддршка на Високиот комесар за човекови права при ООН во РМ.

Повеќе фотографии овде.

 

Трибина „Родово базирано насилство“

Во понеделник (1.04.2013) во 17 часот се одржува редовната трибина на СОЖМ - Скопје.

Темата оваа недела е „Родово базирано насилство“, а ќе биде одржана од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилството“.

На трибината ќе бидат присутни и студенти од Филозофскиот факултет од катедрата за Родови студии.

 

Работен состанок со локални партнерски организации

На 29 и 30 март 2013 г. Националниот совет за родова рамноправност ќе одржи работен состанок со локални партнерски организации во рамките на проектот „Со здружени напори - кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“. Место на одржување ќе биде хотел Скопје во Скопје. Фацилитатори ќе бидат Савка Тодоровска и Светлана Јанева од Националниот совет за родова рамноправност.

 

Донатори








Членка на: