English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Матурска прослава во дом „11 Октомври“

На 21.05.2013, како и секоја година, традиционално, Националниот совет за родова рамноправност, учествуваше во матурската прослава на матурантите - штитеници на домот „11 октомври“ во Скопје.

Жените членки на НСРР донесоа вкусна храна по повод оваа прослава, а сите заедно уживаа во приредбата одржана од децата, на која беа доделени и благодарници за поддржувачите на овој настан.

Повеќе фотографии може да погледнете овде.

 

Трибина „Остеопороза - причини и последици од оваа болест“

На 20.05.2013, во просториите на Националниот совет за родова рамноравност, во соработка со фармацевтската компанија „Алвоген“ беше одржана трибина на тема „Остеопороза - причините и последиците од оваа болест“.

На трибината предавања одржаа д-р Јовица Гавриловски - ортопед во Клиника за ортопедија - Скопје и проф. д-р Татјана Миленковиќ - ендокринолог во Клиника за еднокринологија - Скопје. Присутните имаа можност да се информираат и да поставуваат прашања околу оваа болест, а на крајот добија по еден мал подарок од компанијата.

Слики може да погледнете овде.

 

Ден на мајката 2013

На 12.05.2013 Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со СОС Детското село и Комерцијална банка АД Скопје, го прослави меѓународниот Ден на мајката.

По повод празникот, НСРР распиша конкурс за најдобро изработена честитка на тема „Мамо среќен празник“ и ги покани децата од градинките и учениците од основните училишта да се пријават на конкурсот. За најдобро изработените честитки беа доделени награди.

Манифестацијата се одржа во трговскиот центар Рамстор во центарот на Скопје, а во програмата учествуваа: децата од СОС Детското село со неколку балетски точки, ученичките Лариса Велева и Ана Крцкоска со свои песнички и КУД „Јени Јол“ со свој настап.

Честитките можеа да се купат со мал придонес, а собраните средства беа донирани на СОС Детското село.

Фотографии од настанот може да погледнете овде

 

Традиционален велигденски хуманитарен хепенинг

На 05. 05. 2013, по повод Велигденските празници, традиционално како секоја година, Националниот совет за родова рамноправност организираше хуманиратен хепенинг пред Соборниот храм Св. Климент Охридски.

Жените - членки на НСРР подготвија многу вкусни работи кои можеа да се купат, а собраните средства од продадените вкупно 53 производи ќе бидат донирани за новите мобилни гинеколошки амбуланти во руралните средини, за ПАП тестови.

Повеќе слики од овој преубав сончев ден може да погледнете овде.

 

Донација играчки за нова градинка во село Трцино, Виница

Националниот совет за родова рамноправност, заедно со подмладокот - студентите на Родови студии од Филозофскиот факултет во Скопје, подари играчки за новата градинка во село Трцино, општина Виница, преку организацијата „Златно доба“ од Виница, членка на Националниот совет за родова рамноправност.

НСРР работи на поддршка на жените во руралните средини, а отворањето на детска градинка во рурална средина е од особено значење за економското јакнење на тие жени.

 

Донатори








Членка на: