English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Воспоставување соработка за отпочнување на процес за ратификација на Истанбулската конвенција

На 17.06.2013 година претставнички на НСРР одржаа работна средба со членовите на Парламентарниот Национален совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска - претседателка, г-ѓа Силвана Бонева - заменичка претседателка и г-дин Хајрула Мисини - претседател на парламентарната комисија за европски прашања.

Состанокот беше во насока на воспоставување на соработка и поддршка во предратификациониот период, ратификација на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа (позната како Истанбулска конвенција) и придобивките од ратификацијата.

 

Дружење со матурантите од Детскиот дом „11 октомври“ Скопје

Националниот совет за родова рамноправност имаше задоволство да се дружи, на една неформална вечера, со матурантите од домот „11 Октомври“.









По официјалната прослава во домот, ова беше одлична можност членките на Националниот совет за родова рамноправност да се запознаат подобро со младите, да поразговараат за нивните понатамошни планови и желби и да се продискутира за понатамошните планови за заеднички активности заедно со директорката на Домот.

На сите матуранти, со поддршка од Комерцијална банка ад Скопје, им беа доделени скромни подароци, во знак на нивното успешно завршување на средното образование.

 

 

НСРР на конференција во Молдавија

Претставнички на Националниот совет за родова рамноправност учествуваа на конференција на тема „Развој на туризмот во демократско општество со почитување на родова еднаквост“ која се одржа во Кишњев, Молдавија, од 23 - 25 мај 2013 г.

Конференцијата беше организирана од страна на Здружение на бизнис и професионални жени на Република Молдавија, а учествуваа претставнички од целиот регион кои имаа свои излагања и презентации во врска со темата на Конференцијата.

 

НСРР на конференција во Белград - ЕУ во партнерство со граѓанското општество: Растеме заедно

Во рамки на програмата на Европската комисија за поддршка на граѓанското општество, чија цел е втемелување на демократските вредности како услов за ЕУ интеграции, во Белград 23 - 24 мај 2013 г. во Палата Србија се одржа конференција ЕУ и партнерство за граѓанско општество, на која учествуваше и претставничка на Националниот совет за родова рамноправност.

На конференцијата учествуваа преставници на 152 организации од регионот на Западен Балкан, Турција и државите на ЕУ, кои се носители и партнери на 18 проекти кои ќе се реализираат следните четири години.

Беше претставен и проектот во кој НСРР учествува како партнер - „Со здружени напори - кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“, чија цел е застапување за ратификација и целосна имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против родово базираното насилство.

 

НСРР на семинар за застапување и активности од кампањата во Загреб

Националниот совет за родова рамноправност, заедно со четири невладини организации од регионот: Автономен женски центар - Белград, Центар за жени жртви на војната РОСА - Загреб, Здружени жени од Бања Лука - Бања Лука и Друштво СОС телефон - Љубљана, учествуваше на тридневен семинар за активности на застапување и кампања во Загреб, од 13 -15 мај 2013 г. Семинарот беше во рамки на проектот „Со здружени напори - кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“.

Резултат од семинарот се зголемени теоретски и практични знаења на претставничките на партнерските организации. Семинарот го водеа експертки од Хрватска и од Европската унија (Colette de Troy - директорка на одделот за насилство врз жените од Европското женско лоби - EWL).

 

Донатори








Членка на: