English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Ден на таткото 2013

На 29.09.2013, во организација на Националниот совет за родова рамноправност, а со поддршка од Комерцијална банка ад Скопје, во т.ц. Рамстор во Скопје, се одбележа меѓународниот Ден на таткото.

Како и секоја година, НСРР објави конкурс за децата од градинките и основните училишта за изработка на честитки. Од огромниот број прекрасни честитки беа избрани оние кои најмногу се истакнуваа, а децата кои најмногу се потрудиле и посветиле најмногу време на изработката на честитката, како и оние кои покажале најголема креативност, беа наградени. Награди беа доделени и за училиштата и градинките, односно наставниците, кои пројавиле најголем интерес и донеле најголем број честитки на конкурсот. 

Фотографии од настанот може да погледнете доколку кликнете овде.

 

Семинар „Застапување на правата на корисниците/чките пред центрите за социјална работа и полиција - надлежности на институциите и жалбените механизми“

Од 20 до 22. септември 2013 г. во просториите на хотел Викторија во Скопје, во рамки на проектот „Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство“ се одржа семинар на тема „Застапување на правата на корисниците/чките пред центрите за социјална работа и полиција - надлежности на институциите и жалбените механизми“.

На семинарот се разгледуваа различни теми како: организација на работата на Центрите за социјална работа, мерки и интервенции на ЦСР во случаи со семејно насилство, постапување на полицијата во ситуации на семејно насилство, дискриминација на родова и полова основа - досегашни искуства, досегашни искуства на локалните женски и партнер организации во застапување на жените пред ЦСР и полицијата итн.

 

Воспоставување соработка за отпочнување на процес за ратификација на Истанбулската конвенција

На 23.09.2013 претставнички од Националниот совет за родова рамноправност одржаа состанок со г-ѓа Лилјана Кузмановска, претседателка на Клубот на жени - парламентарки.

Средбата беше во врска со воспоставување соработка и поддршка во предратификацискиот период, ратификување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа (позната како Истанбулска конвенција), како и придобивките од нејзината ратификација.

 

Обука за СОС оператори во Општина Велес

На иницијатива на Општина Велес, на 24.07.2013 г. Националниот совет за родова рамноправност изврши обука за волонтери оператори на СОС линијата за семејно насилство во општината.

Објавата и повеќе фотографии може да погледнете на страната на Општина Велес

 

Работилница за економско јакнење на руралните жени

На 29.06.2013 г. во просториите на НСРР во рамки на проектот „Преку едукација до вклучување на пазарот на трудот“ се одржа двочасовна работилница на која присуствуваа жени од општините Арачиново и Сопиште. Работилницата е дел од циклусот обуки за економско јакнење на руралните жени.

Првиот дел од работилницата беше фокусиран на мотивацијата како движечки фактор во самореализацијата на индивидуите, преку интерактивни активности и разговори. Вториот дел беше фокусиран на развивање на бизнис идеа, каде преку интерактивни активности беа развиени бизнис идеи од страна на сите учеснички.

Повеќе фотографии може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: