Мисија, визија и цели на НСРР 2022-2025 годинаМисија, визија и вредности Мисија: промоција на правата на жените како човекови права, елиминирање на сите форми на дискриминација кон жените и градење општество со еднакви можности. Визија: родова еднаквост, загарантирани права на жените, елиминирање на дискриминацијата на жените во општеството и семејството, развој и мир. Вредности на кои се заснова работата на НСРР: еднаквост, ненасилство, толеранција, солидарност, комуникација и соработка, граѓански активизам, одржлив развој, транспарентност, мултикултурализам, почитување и заштита на човековите права, партиципативна демократија, социјална правда и вклученост. Стратешка рамка на НСРР за 2022-2025 година
Стратешка цел на програмата: Ефективна, ефикасна и одржлива организација и регионални центри
Стратешка цел на програмата: Намалување на родовото насилство, насилството врз жените и семејното насилство, реинтеграција на жртвите на семејно и родово насилство
Стратешка цел на програмата: Подобрување на социјалната и економската положба на жената во урбаните и руралните средини.
Стратешка цел на програмата: Еднакво учество на жените во политичкиот, јавниот живот и сите други аспекти на општеството
Стратешка цел на програмата: Жените подеднакво се вклучени и учествуваат во процесот на адаптација на климатските промени
Стратешка цел на програмата: Мир во земјата и мир во регионот
ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ ЗА ТРЕНИНГ НА ТЕМА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕОПИС НА ЗАДАЧИ
1. Контекст на задачата Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите. За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ НСРР ќе се стреми кон:
Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка.
2. Опис на работни задачи и испорачани услуги Обучувачот/ката треба да подготви и испорача дводневен тренинг за “ Стратешко планирање“ наменет за 12 учеснички од 4 женски организации од мрежата на Национален совет за родова рамноправност. Обучувачот/ката ќе треба да развијат методологија за спроведување на тренингот која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата. Од обучувачот се очекува во координација со раководителката на проектот да ја развие програмата за обуката како и алатки за оцена. Програмата за обуката треба да ги понуди/опфати следните тематски целини:
2. Специфични активности и очекувани резултати Следните активности треба да бидат реализирани од страна на обучувачот/ката:
3. Времетраење и период на спроведување на активностите За овој ангажман се предвидени вкупно 2 работни денови. Активностите треба да се реализираат во последната недела од месец февруари 2022.
4. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката
Обучувачот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми: Општо професионално искуство
Специфично професионално искуство и вештини
5. Пријавување и избор Заинтересираните кандидати/тки можат да се пријават со доставување на следниве документи:
Пријавите треба да се достават најдоцна до 11.02.2022 на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за ОБУЧУВАЧ ЗА ТРЕНИНГ НА ТЕМА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ. Критериуми за избор на обучувачот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈАОПИС НА ЗАДАЧИЕксперт/ка за мониторинг1. Контекст на задачата Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите. За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ, НСРР ќе се стреми кон:
Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка. 2. Цел и опфат на задачата Целта на задачата на експертот/ката за мониторинг е да се осигура редовно следење на активностите со намера да се обезбеди учење, да се осигура отчетност и да се демонстрира ефективност и ефикасност во спроведувањето на програмата. Поспецифично обврска на експертот/ката ќе биде да обезбеди поддршка на програмскиот тим во:
3. Специфични активности и очекувани резултати Следните активности треба да бидат реализирани од страна на експертот/ката:
Резултати/продукти кои треба да произлезат од работата на експертот/ката се:
4. Времетраење и период на спроведување на активностите За овој ангажман се предвидени вкупно 15 работни денови. Активностите треба да се реализираат во периодот февруари – декември 2022.
5. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката
Експертот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми: Општо професионално искуство
Специфично професионално искуство и вештини
Државни службеници и персонал тековно вработен во јавната администрација немаат право да бидат избрани.
6. Пријавување и избор Заинтересираните кандидати/тки можат да се пријават со доставување на следниве документи:
Пријавите треба да се достават најдоцна до 10.02.2022 на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за експерт/ка за мониторинг Критериуми за избор на експертот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Oглас за хонорарен ангажман со скратено работно време на позицијаСојуз – Национален совет за родова рамноправност Објавува оглас за хонорарен ангажман со скратено работно време на позиција АДМИНИСТРАТОР/КА НА ВЕБ СТРАНА И СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ Критериуми за аплицирање:
Услови:
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА -Биографија (CV) -Мотивационо писмо Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 03.02.2022 на следните е-mail адреси: TO: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите CC: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Subject: Апликација за работно место: Администратор/ка на социјални медиуми Сите апликации ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор. Апликациите што ќе бидат доставени со нецелосна документација нема да бидат разгледувани. FLY-IN: Addressing Financial Literacy needs of Young NEET women towards their financial InclusionFLY-IN: Addressing Financial Literacy needs of Young NEET women towards their
Main Objective: Innovation Description: FLY-IN project will be an effort to develop an educational program to train-the-youth workers coming from financial institutions, youth centers and educational organizations involved with youth, NEETs, migrants, and women empowerment to train young women with a double-disadvantage (NEET with a migrant background) to become financially literate. Goals: Partners: Sweden, North Macedonia, Cyprus, Greece, United Kingdom Duration: 24 months |