English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Василица во Домот за стари лица „Мајка Тереза“

Традиционално, како и секоја година, на 14.01.2014, НСРР заедно со Елена Лука и Комерцијална банка, ја прослави Василица со старите лица во Домот „Мајка Тереза“.

 

Беше поделена пита со паричка, како и други слатки и солени специјалитети кои ги донесоа активистките. Исто така, активистите од Елена Лука им поделија подароци на штитениците.

Прославата заврши во весел дух, како што е редот, со песна и оро.

Фотографии може да погледнете овде.

 

Новогодишна прослава со младите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“

Како и секоја година, традиционално, членките на Националниот совет за родова рамноправност и оваа година направија Новогодишна прослава со децата и младите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“, со поддршка од Комерцијална банка.

Жените донесоа слатки работи, а децата изведоа приредба подготвена специјално за Нова година.

Фотографии од овој настан може да погледнете овде

 

Учество на јавна расправа

Претседателката на НСРР, Савка Тодоровска, на 27.12.2013, во Парламентот на РМ, учествуваше на Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за труд и социјална политика и Клубот на пратенички на Република Македонија на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство ”.

Савка Тодоровска ја искористи приликата да зборува за потребата од ратификација на Истанбулската конвенција, за изработената базична студија во рамки на регионалниот проект, како и за потребата од поголема вклученост на граѓанскиот сектор во донесувањето на законите од областа на семејното насилство и насилството врз жената.

Покрај членовите и замениците членови на комисиите и членовите на Клубот, на расправата присуствуваа и пратениците на Собранието на Република Македонија, Министерот за труд и социјална политика, експерти, претставници на невладините организации, локалните комисии за еднакви можности, ОБСЕ, УНИЦЕФ, Un Women, Светската здравствена организација и Европската Комисија.

 

Состанок со потенцијални жени-сведоци за Женскиот суд

На 21 и 22 декември 2013 год., во рамки на Женскиот суд - Феминистички пристап кон правдата, беше одржан состанок со потенцијалните жени-сведоци. На состанокот беа прикажани неколку филмови за Женските судови, беше дискутирано околу обликот на неправди/насилства, беше разговарано повеќе за економското насилство, како и етничкото насилство, а на крајот се дискутираше околу планот за понатамошната работа на Женскиот суд, односно за она што им е потребно на жените-сведоци.

Фотографии од состанокот може да погледнете овде.

 

Улична акција во рамки на кампањата ПОТПИШУВАМ

Во центарот на Скопје, кај споменикот на Мајка Тереза, на 10.12.2013, последен ден од „16 дена активизам против родово базирано насилство“, НСРР спроведе улична акција на која граѓаните се потпишуваа на постерот и беа информирани за кампањата ПОТПИШУВАМ и потребата од ратификација на Конвенцијата против насилство врз жената.

Фотографии од акцијата може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: