English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Семинар во рамки на проект „Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција“

Како резултат на долгогодишна соработка меѓу Националниот совет за родова рамноправност од Македонија и Центарот за жени жртви на војната РОСА од Хрватска, од јануари 2015 год отпочна реализацијата на активностите од проектот “Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција” во Македонија.

Врз основа на претходно изработената анализа (преку прашалници) беа дефинирани постоечките капацитети и потреби од видот и темата на обуки за локални женски НВО. Од 20 до 24 април 2015 год.  во Скопје се одржа петдневен семинар со 17 учеснички (претставнички на локални организации од Куманово, Пехчево, Кавадарци, Велес, Струга, Охрид, Тетово и Скопје).

На обуката се обработуваа следните теми: историја на феминистичкото организирање, предрасуди и вистини за машкото насилство врз жените, зошто жените остануваа во односи во кои се злоставувани, улога и можности на НВО во процесот на преговарање за пристап во ЕУ (хрватските искуства), мировен активизам на женските организации во пост- конфликтно општество, хрватското искуство на граѓанските организации во процесот до зачленување во ЕУ.

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска.

 

Конференција - Резолуција 1325

На 20.04.2015 во Вилниус, Литванија, беше одржана меѓународна конференција во организација на ОБСЕ, UN Women и Владата на Литванија, со присуство на преку 70 експерти од Европа, Азија и Северна Америка. Г-ѓа Наташа Димитровска ја имаше честа да присуствува на конференцијата како претставник на Националниот совет за родова рамноправност.

По повод одбележувањето на 15-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата 1325 под покровителство на Генералниот секретар на ОН ќе биде изработена Глобална студија за имплементацијата на Резолуција 1325 на глобално, регионално и национално ниво, со нагласување на добрите практики и предизвици, како и новите трендови и приоритети.   

Конференцијата беше можност за споделување на искуства, добри пракси, проблеми, предизвици, погледи за иднината, помеѓу големиот број експерти и претставници од владини и невладини институции.

Прво обраќање на конференцијата имаше Претседателката на Литванија, под чие покровителство беше одржана конференцијата, а говореа и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-дин Ламберто Заниер, регионалната директорка на UN Women, г-ѓа Ингибјорг Гисладотир, како и авторката на Студијата, г-ѓа Радика Кумарасвами.

Повеќе за конференцијата и заклучоците на страницата на ОБСЕ и UN Women.

 

Учество на конференција

Претседателката на НСРР, Савка Тодоровска, со свое излагање учествуваше на националната конференција по повод 20 години од донесувањето на Пекингшката декларација и Платформа за акција „Јакнење на жените - јакнење на човештвото, претставете си!“ во организација на UN Women и Министерството за труд и социјална политика. Конференцијата се одржа на 06.03.2015 година.

Савка Тодоровска, како една од неколкуте активистки од Македонија која учествуваше на Пекингшката конференција во 1985 година даде свој осврт кон тогашната состојба, искуството од учеството на конференцијата и сегашните состојби во поглед на правата на жените.

 

Нова година 2015 со децата од Домот „11 Октомври“

Како и секоја година, активистките на НСРР - СОЖМ ја прославија Новата година со децата од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Децата добија подароци од Елена Лука, Матица Ексклузив и Горска, а настанот го поддржаа и организацијата Новинари за човекови права и учениците од гимназијата Алгоритам.

Повеќе фотографии од настанот може да најдете тука.

 

Конференција на WAVE

16тата конференција на мрежата Жени против насилство Европа се одржа во Виена од 17. до 19. ноември.

За време на конференцијата исто така беше прославена и 20-годишнината од постоењето на мрежата.

Националниот совет за родова рамноправност како фокална точка на мрежата за Македонија зеде активно учество на конференцијата. Претставничката на НСРР, Наташа Димитровска, ја модерираше работилницата за „Одбрана на правата на жените - против насилството врз жените во периоди на политичка и економска криза, десничарски националистички движења и вооружени конфликти“.

Конференцијата изобилуваше со многубројни настани, огромен број учесници, значајни говорнички и говорници и беше одлична можност за споделување мислења, искуства, вмрежување и соработка.

Повеќе за WAVE и конференцијата може да најдете на www.wave-network.org

 

Донатори








Членка на: