Отворен повик - ангажирање на компанија за спроведување на медиумска кампањаОтворен повик Ангажирање на компанија за спроведување на кампања
Сојуз Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Визија, мисија и стратегија на НСРР” кофинансиран од Европската Унија, има потреба од ангажирање на компанија која ќе изработи и спроведе:
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА Кампањата има за цел да ја подигне општествената свест за спречување на семејното насилство врз жената и децата. Една од главните стратешки цели на НСРР е превенција на родовите стереотипи и сексизам, насилство врз жените и семејното насилство, во рамки на која континуирано се работи на намалување на насилството врз жените и семејното насилство како и реинтеграција на жртвите. ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Компанијата ќе има период на реализација на активноста од еден месец од датумот на одобрување на презентираниот дигитален маргетинг план и визуелен индентитет за кампањата. Вредноста на договорот не може да надмине 3000 евра во денарска противредност. Бидејќи станува збор за проект кофинансиран од Европската Унија, кампањата мора да биде ослободена од ДДВ. КРИТЕРИМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ Компаниите што ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ При аплицирање сите заинтересирани компании треба да достават:
Целосната документација треба да биде доставена во електронска форма на македонски јазик на е пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со предмет: Понуда за МЕДИУМСКА КАМПАЊА. Понудите треба да се достават најдоцна до 20.10.2022 година. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат. ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИСТРАЖУВАЧКА1. Контекст на задачата Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовираа правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите. За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ НСРР ќе се стреми кон:
Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка. 2. Опис на работни задачи и испорачани услуги Под супервизија на тимот на извршната канцеларија на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност истражувачката ќе треба да подготви тематски извештај поврзан со состојбата на насилството врз жените во Република Северна Македонија, со посебен фокус на фемицидот. Извештајот треба да вклучува анализа на состојбата поврзана со појавата на фемицид во последните пет години. Податоците од истражувањето ќе бидат употребени како аргументи за застапување пред релевантни институции, како и база за идни иницијативи за промени кои треба да се случат во општеството. 3. Времетраење и период на спроведување на активностите За овој ангажман се предвидени вкупно 15 работни денови. Краен рок за реализација на истражувањето е 01.12.2022. Извештајот не треба да биде подолг од 25 страни. 4. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи кандидатката Кандидатката се очекува да ги исполнува следните критериуми: Општо професионално искуство
Специфично професионално искуство и вештини
5. Пријавување и избор Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на следниве документи:
Пријавите треба да се достават најдоцна до 26.09.2022 на е пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , со предмет: Апликација за ИСТРАЖУВАЧКА. Критериуми за избор се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Доколку има потреба кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат. ОТВОРЕН ПОВИКПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ ЗА ТРЕНИНГ НА ТЕМА ЖЕНИТЕ И ПРОЦЕСИТЕ НА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ 1. Контекст на задачата Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовир а правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите. За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ НСРР ќе се стреми кон:
Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка. 2. Опис на работни задачи и испорачани услуги Обучувачот/ката треба да подготви и испорача дводневен тренинг за “жените и процесите на адаптација кон климатските промени“ наменет за 10 учеснички од 5зре женски организации од мрежата на Национален совет за родова рамноправност. Обучувачот/ката ќе треба да развие методологија за спроведување на тренингот која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата. Од обучувачот се очекува во координација со раководителката на проектот да ја развие програмата за обуката како и алатки за оцена. Програмата за обуката треба да ги понуди/опфати следните тематски целини: 1. Вовед во родовите концепти и климатските промени;
2. Интерсекција на родовата перспектива и климатските промени
3. Родовите улоги во сектори релевантни за климатските промени 4. Планирање на родово респонзивни акции за климатски промени;
2. Специфични активности и очекувани резултати Следните активности треба да бидат реализирани од страна на обучувачот/ката:
3. Времетраење и период на спроведување на активностите За овој ангажман се предвидени вкупно 2 работни денови. Активностите треба да се реализираат во втората половина на месец август 2022. 4. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката Обучувачот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми: Општо професионално искуство
Специфично професионално искуство и вештини
5. Пријавување и избор Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на следниве документи:
Пријавите треба да се достават најдоцна до 16.08.2022 на е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , со предмет: Апликација за ОБУЧУВАЧ ЗА ТРЕНИНГ НА ТЕМА ЖЕНИТЕ И ПРОЦЕСИТЕ НА АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ. Критериуми за избор на обучувачот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Доколку има потреба кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат. Отворен повик за анкетарПроект: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост” Предмет: Отворен повик за анкетар за спроведување анкети за вклученоста на децата во училиште од родова перспектива во о. Шуто Оризари Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), финансиран и поддржан од Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, објавува Јавен повик За истражувач кој ќе спроведе 200 анкети насочени кон учениците, родителите и наставниците во основните училишта во општина Шуто Оризари. Преку овие анкети ќе се обезбедат потребните информации за бројот на ученици кои редовно посетуваат настава и соодносот меѓу учениците од машки и женски пол кои редовно посетуваат настава. Задачи на истражувачите се: ● Да се спроведат три типа на анкети насочени кон: ученици, наставници и родители од основно образование на територија на о. Шуто Оризари ● Да се спроведат 200 анкети на територија на о. Шуто Оризари ● Анкетите треба да дадат одговор за бројот на деца кои посетуваат настава и бројот на деца кои не посетуваат настава од родова перспектива; Одговор од родителите зошто нивните деца (не)посетуваат настава и со кои проблеми се справуваат, со акцент на отсуствата на девојчињата; Што им недостасува на учениците во однос на училишна инфраструктура и безбедност со акцент на недостатоците во однос на менаџирањето на менструална хигиена, лична хигиена. Времетраење и период на спроведување на активностите
Активностите треба да се реализираат во текот на септември 2022. Пријавување и избор Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на следниве документи: ● Писмо за изразување интерес; ● Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход. ● Пријавите треба да се достават најдоцна до 25.7.2022 на е-пошта This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , со предмет: Апликација за АНКЕТАР - НИЗ ЖЕНСКИ ЛЕЌИ. ● Критериуми за избор на модераторот/ката се претходното релевантно искуство, познавање на ромската заедница, искуство во областа на теренската работа и работа со маргинализирани заедници и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат. Отворен повик за двајца истражувачиПроект: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост” Предмет: Отворен повик за двајца истражувачи за креирање на анкети за вклученоста на децата во училиште од родова перспектива во о. Шуто Оризари Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), финансиран и поддржан од Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, објавува Јавен повик За двајца истражувачи кои ќе креираат и анализираат 200 анкети насочени кон учениците, родителите и наставниците во основните училишта во општина Шуто Оризари. Преку овие анкети ќе се обезбедат потребните информации за бројот на ученици кои редовно посетуваат настава и соодносот меѓу учениците од машки и женски пол кои редовно посетуваат настава. Задачи на истражувачите се: ● Да се креираат три типа на анкети насочени кон: ученици, наставници и родители од основно образование на територија на о. Шуто Оризари ● Да се анализираат одговорите од 200 анкетирани лица ● Да се креира анализа од добиените резултати ● Анкетите треба да дадат одговор за бројот на деца кои посетуваат настава и бројот на деца кои не посетуваат настава од родова перспектива; Одговор од родителите зошто нивните деца (не)посетуваат настава и со кои проблеми се справуваат, со акцент на отсуствата на девојчињата; Што им недостасува на учениците во однос на училишна инфраструктура и безбедност со акцент на недостатоците во однос на менаџирањето на менструална хигиена, лична хигиена. Времетраење и период на спроведување на активностите
За овој ангажман се предвидени вкупно 5 работни денови. Активностите треба да се реализираат во текот на септември 2022. Пријавување и избор Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на следниве документи: ● Писмо за изразување интерес; ● Професионално CV; ● Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход. ● Пријавите треба да се достават најдоцна до 25.7.2022 на е-пошта This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , со предмет: Апликација за ИСТРАЖУВАЧ ЗА КРЕИРАЊЕ НА АНКЕТИ - НИЗ ЖЕНСКИ ЛЕЌИ. ● Критериуми за избор на модераторот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат. |