ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОМОТИВНА МЕДИУМСКА КАМПАЊА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „Вклучи се – Побарај гласно!“Краен рок за пријавување 18. 04.2021 НСРР – Национален совет за родова рамноправност со своите партнери АГОРА – центар за промоција на граѓански вредности објавуваат повик за доставување понуди за изработка на промотивна медиумска кампања во рамките на проектот “Вклучи се – Побарај гласно!“, финансиран од канцеларијата на UN Women во Скопје. Детални информации во врска со точните барања се наоѓаат подолу во документот и истите ќе претставуваат упатство за изработка на понудата. Сите дополнителни прашања во функција на појаснување на барањето за понудата, заинтересираните можат да ги постават најдоцна до 10.04.2021 до 14:00 часот на следните електронски адреси: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Официјалната понуда со вклучени задолжителни документи треба да е доставена најдоцна до 18.04.2021, до 00,00 часот, по електронски пат на следните адреси: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите по име „ПОНУДА ЗА МЕДИУМСКА КАМПАЊА” Сите понуди кои ќе стигнат по истекот на зададениот рок нема да се земат во предвид и нема да се разгледуваат. Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во опис на повикот за доставување на понуди. Сите предлози и понудата треба да се на македонски јазик. Времетраење на кампањата период од 12 месеци, започнувајќи од јуни 2021 до 1 мај 2022 година. Ви благодариме, Тимот на Вклучи се – Побарај гласно! Целосниот повик, со сите информации можете да го најдете на: ПОВИК за поднесување понуди за изработка на медиумска кампања 02.04.2021 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПЛАТФОРМА ЗА Е-ЗНАЕЊЕ
Сојуз - Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА - Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се - Побарај гласно“, финансиран од UN Women има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во локалната заедница. Во тој контекст, НСРР и АГОРА сакаат да идентификуваат компанија што ќе развие веб- платформа која ќе придонесе кон градење на капацитетите на локалните женски организации и нивно вмрежување. За да ја преземете спецификацијата релевантна на овој повик, кликнете на линкот. Рокот за доставување на понудите е 23.02.2021. Отворен повик за финансиска поддршка ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2020 За финансиска поддршка на женски граѓански организации кои работат на унапредување на правата на жената и нејзината улога во општеството НСРР и АГОРА отвораат повик за доделување финансиска поддршка на женски организации од скопски, југоисточен, источен и североисточен регион. Поддршката ќе биде доделена на проекти кои ќе придонесат кон следната цел на проектот: „Жените и нај исклучените се зајакнати да станат погласни и да влијаат на локалните процеси на донесување одлуки“. На овој повик ќе се додели финансиска поддршка за локални женски организации најмногу до 10.000 американски долари во денарска противвредност по поединечен проект. 1. Образецот за пријавување (апликација) можете да го преземете Овде; ПРАШАЊА И ОДОГОВРИ За да го превземете документот ве молиме кликнете на: Прашања и одговори
Meeting ID: 821 8928 4373 Passcode: 4JEj3e ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ 1. Вовед Сојуз - Национален совет за родова рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА - Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се - Побарај гласно“, финансиран од UN Women има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во локалната заедница. Преку реализација на проектот најмалку 10 женски организации ќе ги зајакнат сопствените капацитети за мобилизација на жените во локалните заедници и ќе ги зајакнат капацитетите на жените за застапување со локалните власти. Во следна фаза од проектот, четири организации ќе добијат финансиска поддршка да спроведуваат теренски активности и активности за консултации и застапување со локалните власти со цел интегрирање на потребите на жените во општинските програми и буџети. За реализација на активностите на проектот, наменети за градење капацитети на женски и граѓански организации, НСРР објавува Повик за избор на двајца (2) обучувачи/-чки за подготовка и испорака на дводневна обука за „ Процеси на буџетирање во општините и акции за застапување “.
Обучувачите/-чките треба да подготват и испорачаат дводневна обука за “ Процеси на буџетирање во општините и процесите на застапување“ наменета за најмалку 20 учеснички од 10 женски организации од скопски, североисточен, источен и југоисточен регион во РСМ. Обуката ќе биде поделена на два дела: - Дел 1, првиот ден, обуката ќе се фокусира на процесите на планирање и буџетирање во општините, - Дел 2, вториот ден , обуката ќе се фокусира на пристапите и алатките кои можат да се користат во процесите на застапување со општините. Обучувачите ќе треба да развијат методологија за спроведување на обуките која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата. Од обучувачите се очекува заеднички и во координација со раководителката на проектот да ја развијат програмата за обуката како и алатки за оцена. Програмата за обуката треба да ги понуди/опфати следните теми:
2.1 Задачи на обучувачите а и испорака на обуката: - Да развијат програма за обуката; - Пред обуката да подготват презентации и вежби кои ќе ги споделат со раководителката на проектот; - Да ја спроведат обуката; - Да развијат и предложат методологија за оценка на обуката; После спроведената обука да изготват и поднесат извештај најдоцна 7 работни дена по завршувањето на обуката.
Право на пријавување имаат организации (профитни и непрофитни) или тим од двајца обучувачи кои ги исполнуваат условите. Периодот планиран за спроведување на обуката е 9-10 декември, 2020. Работен јазик е македонски. Местото на одржување на обуката дополнително ќе биде определено . Обучувачите треба да бидат подготвени за спроведување на обуката и онлајн доколку се појави таква потреба. Целокупниот ангажман за испорака на тренингот е максимум 5 работни денови за тимот ангажирани обучувачи. Тоа вклучува подготовка (програма, презентации и материјали), испорака на обука и подготовка на извештај.
Обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
Понудата треба да го содржи следново: - Писмо за мотивација (до 500 зборови) на организацијата/тимот, - Кратка биографија (CV) на двајцата обучувачи со опис на експертизата релевантна за оваа задача, - Референтна листа на слични ангажмани (најмалку 5 за секоја од темите), - Финансиска понуда по испорачана услуга со сите вклучени трошоци. Истата треба да биде изразена во бруто износ во македонски денари. Понудите треба да се достават до Овие обуки се дел од проектот „Вклучи се – Побарај гласно!“, спроведен од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида. Повик за учество на обука
Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА, во рамки на проектот „Вклучи се - Побарај гласно“, објавува Повик за учество на двe дводневни обуки за претставници/чки на локални женски и граѓански и организации. Проектот има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во локалната заедница. Исто така, има за цел да ги поддржи граѓанските и женските организаци да ги искористат постоечки механизми за партиципативни процеси со цел да ги вклучат нивните потреби во општинските политики и буџети. Датум: Обука I : 25-26 ноември 2020 год; Обука II : 9-10 декември 2020 год. Место: дополнително ќе се утврди Обуките ќе се спроведат согласно со пропишаните владини мерки за спречување на ширењето на COVID 19. Обуката I на тема „Теренски активности и градење капацитети на членки“ има за цел да ги зајакне капацитетите на женски и граѓански организации преку пренесувае на искуства и обука за теренски активности кои граѓанските организации можат да ги преземат во однос на жените кои ги застапуваат со цел промовирање на инклузивно учество во локалните политики и процеси на донесување одлуки. Обуката II на тема „Процеси на буџетирање во општините и акции за застапување“ за зајакнување на знаењето на учесниците за: - Изготвување, извршување и известување за буџетот на општината, - родово одговорно буџетирање, - буџетска транспарентност и следење на буџетот, - застапување и лобирање. Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби. Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.
Кој може да аплицира
Пријава за обуката Сите заинтересирани организации треба да пополнат пријава за учество преку Google Forms, за пријавата кликни тука. Рокот за пријавување е најдоцна до 10 ноември 2020 година. За дополнителни прашања Ве молиме контактирајте нѐ на тел. 02 3134 390 или на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на НСРР и АГОРА.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Во рамките на истиот проект “Вклучи се – Побарај гласно!“ ќе се доделат грантови за спроведување теренски активности за мобилизација на жените и застапување со општините. Критериумите и официјалниот оглас ќе бидат дополнително објавени. Овие обуки се дел од проектот „Вклучи се – Побарај гласно!“, спроведен од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида. |